Македонија

ВРЕДИ: Османи не се кандидира за Чаир, туку за себе

Две децении, Османи ги извршувал највисоките државни функции, но ниту еден граѓанин на Чаир не почувствувал поддршка или помош од него

 

„20 години, Бујар Османи градел политичка кариера, но не градел никаков проект за Чаир. Денес, се преправа дека е заинтересиран за Чаир“ обвинуваат од коалицијата ВРЕДИ во денешното соопштение.

„Две децении, Османи ги извршувал највисоките државни функции, но ниту еден граѓанин на Чаир не почувствувал поддршка или помош од него. Денес гледаме само игри и празни зборови. Програмите и плановите ги објавува човек кој две децении не оставил никаква трага во Чаир. Празна книга“.

Од ВРЕДИ велат дека Бујар Османи не е кандидат за Чаир, туку е кандидат за својата кариера.

„Тој бара поддршка од Чаир, но не за Чаир, туку за враќање на власт. Ако сака да научи што е Чаир, нека прошета по неговите улици и нека ја види вистинската состојба.

Граѓаните на Чаир повеќе не сакаат политичари со празни зборови, кариеристи, туку сакаат посветеност, вистинска работа и конкретни резултати. Не само што не донесе проекти за Чаир, туку Османи не може ниту да го изгасне своето лично его.

Тој ги исклучува и малкуте млади што останаа во ДУИ, користејќи ги како копја за партиски знамиња, а не како потенцијал за промени. Денес, таа младина го напушти и силно се зацврсти зад Изет Меџити и ВРЕДИ, бидејќи таму наоѓаат визија, перспектива и почит.

На Чаир му треба работа и развој, не за политичар кој 20 години ја гледал оваа општина само како отскочна штица за својата лична кариера“, се наведува во соопштението на ВРЕДИ

Најнови вести од: Македонија

Градоначалникот на Кичево Јовановски со новогодишна порака заеднички да се продолжи напред со многу позитивна енергија!

„За прв пат во Кичево новогодишната ноќ ја дочекавме заедно сплотени, насмеани и исполнети со надеж и покрај значително студеното време. Ова не беше само прослава, туку почеток на една нова традиција, која ќе ја негуваме и ќе ја правиме уште поголема и уште подобра, поорганизирана.“ – објави градоначалникот на Кичево Александар Јовановски на својот […]

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк

Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата.

To top