Македонија

ВРЕДИ: Протестот заврши, но маските повторно паднаа

ДУИ може да вреска колку сака, да манипулира и да се крие зад кого сака, но нивното време заврши

На интегративците им пропадна уште еден обид да се вратат на политичката сцена.

„Веќе ништо не им оди од рака. Пробаа со шатори, наводно за заштита на албанскиот јазик, а завршија со нон грата. Пробаа со писма до меѓународните претставници и добија нула одговори. Пробаа со политичката измама наречена референдум и изгубија со 10 општини во корист на ВРЕДИ.

На крај се обидоа да се перат преку грбот на студентите. И тоа им пропадна“, велат од ВЛЕН.

„Протестот заврши, но маските повторно паднаа. Колку и да врескаат, вистината е една.

Студентите побараа правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик, можност што досега не постоеше. ВЛЕН му пристапи на овој проблем сериозно и суштински. Затоа решението нема да застане само кај правосудниот испит. Сите професионални испити ќе може да се полагаат и на албански јазик.

Кога ВРЕДИ ќе земе проблем во свои раце, тој не останува во фиока. Се реши прашањето со професионалните медицински испити. Воспитувачките во градинките го добија своето право. Медресата доби достоинствено решение. Казината се тргаат од местата каде што не им е местото. Така се работи кога има волја. Проблемите што ДУИ со години ги држеше заглавени, ВРЕДИ ги затвора еден по еден.

Сѐ што оставиле ДУИ овие 20 години, се нерешени прашања или половични решенија.

ДУИ може да вреска колку сака, да манипулира и да се крие зад кого сака, но нивното време заврши“, стои во соопштението од ВРЕДИ.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top