Македонија

ВРЕДИ: Сали ќе биде прв вицепремиер, а Хоџа ќе го води ресорот животна средина

Кадровските решенија што коалицијата ВРЕДИ ги нуди за испразнетите министерски места

Актуелниот градоначалник на Општина Чаир и донеодамна вицепремиер, Изет Меџити вчера ги потврди кадровските решенија што коалицијата ВРЕДИ ќе ги понуди за испразнетите министерски места.

За позицијата прв вицепремиер е предвиден актуелниот пратеник и поранешен министер за здравство, Беким Сали, и дека . останува само да се дефинира со кое министерство ќе раководи Сали.

Поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа ќе биде нов министер за животна средина и просторно планирање, објави Меџити.

Тој рече дека не станува збор за реконструкција на владата.

„Нема да има реконструкција, но ќе има главно пополнување на местата. Тие се финализираат. Она што е познато е дека Беким Сали ќе биде прв вицепремиер и треба деновиве да се дефинира кој друг ресор ќе го покрива. А, министер за екологија ќе биде Мухамед Хоџа“,изјави Меџити, еден од лидерите на коалицијата ВРЕДИ.

Околу информациите што се шират во јавноста околу тоа дека Башким Бакиу ќе го замени министерот за здравство Азир Алиу, Меџити нагласи дека за сите детали околу евентуални смени на министри на одредени ресори од Коалицијата дополнително ќе информираат.

Најнови вести од: Македонија

Може ли Мерко да си го купи службеното „ауди“?

Мерко беше обвинет и гонет за злоупотреба на службената положба, затоа што набавил четири службени возила меѓу кои и аудито, во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка, сепак, на почетокот на јуни 2025 година беше ослободен од вина

До 5-ти февруари аплицирање на студентски оброк

Правото на субвенциониран студентски оброк е наменето за редовни студенти на додипломски студии со месечен приход понизок од минималната нето плата, како и за студенти запишани на постдипломски и интегрирани студии на државните и приватните универзитети во земјава

To top