Македонија

ВРЕДИ со реакција до опозицијата: Обидите за создавање конфузија се залудни

Политичката логика е едноставна, оној што е во очај се обидува да создаде непостоечки ситуации за да се претстави како жртва во очите на гласачите, пишува Вреди

„Обидите да се создаде ситуација во Струга, каде што навистина го нема и не може да има, се разочарувачки и се поврзуваат со коалицијата која со право го носи името на агонизирачкото трио Ахмети, Таравари и Селапишува Вреди во соопштение со кое реагира на објавата на Зијадин Села со која тој негира дека комуницира со лидерот на ова движење Изет Меџити за евентуално негово напуштање на коалицијата предводена од ДУИ и влегување во владата.

„Секој обид да се поврзе коалицијата Вреди, или кандидатот што го поддржуваме, Менди Ќира, со каков било вид вештачка тензија е неточен и надвор од секоја политичка логика. Зошто коалицијата или кандидатот кој е фаворит за победа на изборите на 2 ноември би создавале тензии?

Политичката логика е едноставна, оној што е во очај се обидува да создаде непостоечки ситуации за да се претстави како жртва во очите на гласачите, стратегија што оди во прилог на кандидатот на Зијадин Села и Левица, Арсим Далипи. Целата јавност знае дека соработката помеѓу НАИ и Левица е очигледна, и во Тетово и во Струга. Затоа, овие обиди за создавање конфузија се залудни и разочарувачки“ – се вели во соопштението на Вреди.

 

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top