Македонија

ВРЕДИ: За чесна работа – фер плати

По повод 1 мај – Денот на трудот, велат дека имаат конкретни договори за подобрување на условите на работниците

 

„Како ВРЕДИ, ја потврдуваме нашата непоколеблива посветеност на работничките права, фер платите и достоинствените услови за работа. Веруваме дека секоја капка пот заслужува фер награда, секој труд заслужува почит, а секој работник заслужува достоинствен живот.

Презедовме конкретни чекори: ја зголемивме минималната плата на 26.400 денари нето, важен чекор кон подобрување на животниот стандард и намалување на нееднаквостите. Ги зголемивме платите на здравствените работници, наставниците… и презедовме важни мерки за поддршка на различни категории на општеството.

За нашите пензионери, обезбедивме зголемување од +7.000 денари за над 340.000 корисници, подобрувајќи ја нивната благосостојба и економска сигурност.

Во областа на вработувањето, одобривме рекорден Оперативен план од 40 милиони евра, кој вклучува конкретни мерки за над 16.000 граѓани за вработување и самовработување.

Поддршката за претприемништвото е исто така во нашиот фокус: нудиме грантови до 20.000 евра за бизнис идеи и самовработување, промовирајќи го создавањето нови бизниси и економскиот развој.

Остваривме 250 милиони евра достапни за домашните компании за инвестиции и развој, со цел зголемување на конкурентноста и отворање нови работни места.

Во земјоделскиот сектор, ги поддржуваме младите луѓе со грантови од 10.000 евра за започнување земјоделски активности, давајќи им живот на руралните средини и зајакнувајќи го домашното производство. Во меѓувреме, во здравството, отворивме нови работни места за здравствени работници, вклучувајќи 600 позиции за специјалисти и специјализанти, како инвестиција во квалитетот на услугите за граѓаните.
Но, ова е само почеток…“соопштија од Движењето ВРЕДИ кое на 9 мај најави дека ќе се обедини во една парија.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top