Македонија

Врховниот суд ја укина и пресудата за „Ласкарци“

Судот го врати на повторно постапување и одлучување предметот за автобуската несреќа од 2019 година со 16 загинати

Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Македонија на седницата одржана вчера реши предметот КВП2-86/25 за автобуската несреќа кај селото Ласкарци од 2019 година, во која загинаа 16 лица, а 30 беа повредени, да се врати на повторно постапување и одлучување.

„Со донесената пресуда во предметот КВП2-86/25, барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените преку нивните бранители се уважуваат, пресудата на Апелацискиот суд Скопје КЖ-979/24 од 17.04.2025 година се укинува и предметот се враќа на повторно постапување и одлучување“, соопшти Врховниот суд.

Во мај минатата година Апелацискиот суд двојно им ги зголеми казните затвор од шест на десет години на сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, како и на одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари.

Од пет на по седум години казна затвор, пак, им беше зголемена казната на двајцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски.

На Јане Бочваровски тогаш му беше потврдена казната од пет години затвор, како и на возачот Маноил Трифуновски од 14 години затвор.

Сите осудени со одлуката на Врховниот суд излегуваат од затвор.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

To top