Македонија

За 1 година изградени и пуштени во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат

Следуваат нови делници

Владата на ВМРО-ДПМНЕ за 1 година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бојан Стојаноски.

Владата го заврши и пушти во употреба експресниот пат Градско – Дреново, при што заврши две делници од 25.7 километри експресен пат, во крајно брз рок. Завршени и пуштени во употреба се 25.5 километри од експресниот пат Куманово – Крива Паланка. Пред нецели два месеци пуштени се во употреба 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, и дополнително се очекува наскоро да биде пуштена уште една делница, а до крајот на 2026 година ќе биде пуштен во употреба целиот пат. Засилено се гради низ цела Македонија. Автопатот Тетово – Гостивар исто така треба да биде готов за 2 ипол години.Засилено се работи и на автопатот Прилеп-Битола кој се очекува да биде завршен и пуштен во употреба 2027 година. Во наредните 3 до 4 години цела држава ќе биде испреплетена со автопатска мрежа и мрежа од експресни патишта, истакна Стојаноски.

Македонија се трансформира. Промените на дело, додаде Стојаноски.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Најнови вести

To top