Македонија

За 16 дена 55 возачи уапсени за опасно возење, најмногу пијани

Во првите 16 дена од ноември, полициските контроли низ државата открија сериозен број прекршоци — над 10.000

Најголем дел од нив се однесуваат на пребрзо возење, опасно управување и непочитување на основни сообраќајни правила, соопшто МВР.

Дури 2.983 возачи биле затекнати со брзина поголема од дозволената. Дел од нив возеле и двојно над ограничувањето, а некои дури и во области со густа сообраќајна фреквенција.

Полицијата објаснува дека ова е најчестиот прекршок и дека токму брзината најчесто доведува до тешки несреќи.

„ Речиси во секоја втора контрола затекнуваме возач кој свесно ја надминува брзината. Ова е алармантно и ќе продолжиме со засилени акции“, изјавија од МВР.

Од полицијата велтат дека 55 лица уапсени за опасно управување, најмногу пијани возачи.

Во истиот период, полицијата привела 55 возачи поради безобзирно управување возило.

– 37 биле фатени пијани зад волан, со високи промили алкохол. Полицијата наведува дека дел од нив возеле „потполно неконтролирано“, а кај неколку случаи било спречено можеби и предизвикување тешка несреќа.

– 11 возеле со екстремно висока брзина низ населени места, меѓу куќи, близу пешаци или во зони со ограничување од 50 км/ч.

– 6 возачи возеле со огромна брзина надвор од населено место, каде дел од нив достигнувале брзини над 160 км/ч.

Еден возач бил фатен како вози во спротивен правец, што полициски службеници го опишале како „потенцијално катастрофална ситуација“.

Од МВР велат дека сите приведени се соочуваат со кривични пријави.

 

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

To top