Македонија

За двајцата грабнувачи од Корешница по 30 дена притвор, го измачувале момчето од Неготино со ќеса на глава под закана за убиство да признае дека силувал сопруга на еден од нив!

Судот во Кавадарци определи по 30 дена притвор за двајцата грабнувачи од демиркаписко Корешница, потврдија попладнево од кавадаречкиот суд за МИА. Пред да му го фрлат мобилниот телефон, грабнатиот успеал да прати порака за помош во полиција, а и соседите го виделе како влегува во возилото.

Оттаму појаснија дека по предлог на Обвинителството, постапувал дежурен судија по претходна постапка и определил притвор од по 30 дена за грабнување. Претходно, од Обвинителството информираа дека побаран е притвор за двајца од Корешница, осомничени за грабнување. Оттаму појаснија дека Основното јавно обвинителство – Кавадарци донело наредба за спроведување истражна постапка против две лица од селото Корешница, општина Демир Капија, за кои постоело основано сомнение дека биле соизвршители во кривично дело – грабнување. 

Според соопштението на Обвинителството, двајцата осомничени, на 12 април, заедно извршиле грабнување на лице со намера да го присилат да сними изјава со признание дека ја силувал сопругата на првоосомничениот 37-годишник. Неговиот соизвршител, 30-годишник од истото село, при грабнувањето употребил и пиштол, кој го репетирал и со кој му се заканил на оштетениот.

– Тие го качиле оштетениот во автомобил од дворот на неговата куќа во Неготино и се упатиле по стариот пат кон Демир Капија, а за цело време му се заканувале по живот и го удирале со боксови. Го фрлиле мобилниот телефон на оштетениот и му ставиле црни ќеси на главата за да не гледа каде го носат. Кога стигнале во шума, го извадиле од возилото и го терале да слуша аудио снимки и да признае дека тој е сниманото лице, но оштетениот за цело време негирал. Поради тоа, двајцата осомничени му се заканувале дека ќе го силуваат и ќе го убијат, па го удирале со боксови и со пластична цевка, нанесувајќи му тешки телесни повреди, појаснија од Обвинителството.

Меѓутоа, пред да му го фрлат мобилниот телефон, оштетениот успеал да прати порака за помош во полиција, а и соседите го виделе како влегува во возилото.

Врз основа на овие информации, полицијата ги идентификувала грабнувачите и ги контактирала, а тие дознавајќи дека се откриени, го однеле оштетениот во полициската станица во Неготино.

– Бидејќи станува збор за тешко кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку 4 години, јавниот обвинител процени дека постои основан страв дека осомничените ќе се дадат во бегство или ќе извршат ново кривично дело доколку се бранат од слобода, па до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, споделија од Обвинителството.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top