Македонија

За корупција во земјите од ЕУ – од 3 до 5 години затвор

За првпат законите на земјите од ЕУ ќе дефинираат подеднакво во сите сектори што претставува корупција и како таа треба да се казнува, изјави Советот на ЕУ по преговорите со Европскиот парламент

 

 

Земјите од Европската унија (ЕУ) постигнаа прелиминарен договор за минималните стандарди за земјите-членки да санкционираат корупциски дела во нивните кривични закони, соопшти Советот на ЕУ ренесе ДПА.

Новиот предлог-закон содржи и мерки за спречување на корупцијата и правила за поефикасна истрага и гонење.

Уапсена е Федерика Могерини, осомничена е за корупција и измама

За првпат законите на земјите од ЕУ ќе дефинираат подеднакво во сите сектори што претставува корупција и како таа треба да се казнува, изјави Советот на ЕУ по преговорите со Европскиот парламент (ЕП).

Низ ЕУ, митото во јавниот и приватниот сектор, проневера и попречување на правдата ќе се сметаат за криминална корупција.

Во иднина ќе има и униформни стандарди на однесување на јавните функции.

Прекршителите ќе се соочат со казни од три до пет години затвор, во зависност од делото. Исто така, ќе има униформни правила за тоа кога службениците виновни за корупција ќе ги загубат своите работни места.

За да се спречат таквите дела , секоја земја од ЕУ ќе формира центар за борба против корупцијата.

Земјите-членки, исто така, ќе евидентираат кои професии и индустрии се особено погодени од корупција.

 

Најнови вести од: Македонија

Даниловски: Одложувањето на БСЖ- вакцината е мерка на претпазливост

Донесен е заклучок времено да се одложи БСЖ-имунизацијата до добивање целосни информации за сериите, нивниот квалитет и евентуалната поврзаност со појавата на несаканите реакции кои се појавија во Хрватска, вели епидемиологот

Директорка и нејзина колешка со пари од Државна лотарија си купувале чанти „Диор“, „Хермес“, „Луј Витон“

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две службени лица вработени во Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија поради постоење на сомнение за сторени кривични дела “Проневера во службата” од член 354 од КЗ на РСМ и“Фалсификување или уништување деловни книги” од член 280 од КЗ на РСМ.

(Видео): Околу 25 милиони евра годишно се давале на починати луѓе, обелодени премиерот

Над 4.500 лажни корисници на социјална помош. Мицкоски рече дека на годишно ниво од државниот буџет биле издвојувани повеќе од една милијарда, а можеби и до 1,5 милијарди денари за исплати на вакви корисници или околу 25 милиони евра.

To top