Македонија

За Македонија 15% царинска стапка воведе Трамп

Претходно објавената стапка за македонските производи во април изнесуваше 33 отсто, што значи дека новата мерка претставува значително намалување, пренесе „Блумберг адриа“

Рано утрово по македонско време американскиот претседател Доналд Трамп објави нови царински стапки за повеќе земји во светот.

Македонија, доби стапка од 15 отсто, идентична на онаа што ќе важи и за Европската Унија.

Претходно објавената стапка за македонските производи во април изнесуваше 33 отсто, што значи дека новата мерка претставува значително намалување, пренесе „Блумберг адриа“

Трамп воведе минимална глобална царинска стапка од 10 отсто, додека за земјите со кои САД имаат изразен трговски дефицит, тарифите ќе започнуваат од 15 отсто па нагоре.

Од европските земји, највисока стапка од 39 отсто ќе важи за Швајцарија.

Србија ќе се соочи со царина од 35 отсто, Босна и Херцеговина со 30 отсто, додека Хрватска и Словенија, како членки на ЕУ, се во истата група со Македонија – со 15 отсто.

За земјите што не се наоѓаат на официјалниот список на Белата куќа, Анекс 1, меѓу кои се Црна Гора и Албанија, ќе важи пониска стапка од 10 отсто.

Најнови вести од: Македонија

Клековски денеска се вакцинира против сезонски грип: Ги повикувам граѓаните да се пријават час поскоро за бесплатната вакцинација

„Вакцинацијата против сезонски грип е најдобра и најефикасна мерка за спречување на ова заболување. Токму затоа денеска со личен пример укажав на важноста од навремената заштита на здравјето, посебно кај оние групи на население, кои се изложени на опасност. Вакцинацијата докажано спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход од сезонскиот грип.“ – нагласи министерот за здравство Сашо Клековски.

Регионален форум во Скопје: Преку вклучување на младите до побезбедни, понапредни и поодржливи локални заедници

Регионалниот форум го организира Мрежата на асоцијации на локални власти на Југоисточна Европа – НАЛАС, во рамки на проектот „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, кој го спроведува УНДП, во соработка со УНФПА, УНИЦЕФ и UN Women, со поддршка од Фондот за мир на Обединетите нации.

Уставен суд постапува по предметите за платите на обвинителите, кои тврдат дека им се најниски во регионот

Уставниот суд информира дека постапува по три предмети во кои се оспорени одредби од законите што ги уредуваат платите на јавните обвинители и на членовите на Советот на јавните обвинители.

Дете од 4 години е најмлад милионер во РМ, а 97-годишен пензионер најстар

Дете од четири години остварило 3,1 милион денари од дивиденда, а 97-годишен пензионер 1,089 милиони денари, од кои 59 отсто од пензија, а останатото од дивиденда, покажуваат податоците од Управата за јавни приходи (УЈП) за 2025 година.

МЕПСО бара зголемување на преносната тарифа за струја за околу 98 отсто од јануари 2027, а четирите компании за топлинска енергија и на цената на парното греење

Конечниот збор го има Регулаторната комисија за енергетика, од чии одлуки ќе зависи колку повеќе ќе плаќаат граѓаните за струја и за греење. Пред една седмица премиерот Христијан Мицкоски изјави дека цената на електричната енергија до крајот на годината ќе остане иста, а Владата ќе се бори таа да остане иста и од 1 јануари 2027 година.

Најнови вести

To top