Македонија

За Пендаровски уставниот суд а не обвинителството кажува дали има криминал со уредбите со законска сила

Уредбите со законска сила ги носеше и ги имплементираше Владата, дали таму имало злоупотреби, тоа државните институции кои сега се под тотална контрола на Мицкоски можат да го проверат, вели екс претседателот

Реакција на екс претседателот Стево Пендаровски во врска со денешната изјава на Христијан Мицкоски.

За Пендаровски уставниот суд а не обвинителството кажува дали има криминал со уредбите со законска сила.

Тој топката делумно ја префрла на Владата која ги имплементирала неговите уредби.

,,Навистина мислев да не му давам на значење на господинот Мицкоски, затоа што ја разбирам неговата потреба катастрофалните “резултати” од своето досегашно владеење да ги покрива со коментари за работи кои не ги разбира, но, заради јавноста ќе морам да објаснам некои работи кои за жал на “експертот за енергетика” претходно не му ги објасниле неговите “големи правници”.

Имено, Уставниот суд уште пред повеќе од пет години, со мнозинство гласови, ПОТВРДИ дека одлуките за вонредната состојба се во склад со Уставот и законите.

Второ, уредбите со законска сила ги носеше и ги имплементираше Владата. Дали таму имало злоупотреби, тоа државните институции кои сега се под тотална контрола на Мицкоски можат да го проверат кога сакаат, ако сакаат.

Трето, сите одлуки за прогласување на вонредна состојба беа доставени од моја страна до Собранието и тоа веднаш по завршувањето на таа состојба.

Мене ми е јасно дека и ова образложение нема да го спречи Мицковски да продолжи неосновано да обвинува и клевети, затоа што тоа е, за жал, единствениот начин на кој е научен да владее”, објави Пендаровски.

 

Предходно Мицкоски повика обвинителство да ги провери уредбите на Пендаровски кои им давале крила на мафијашките упади на функционерите на СДСМ.

Ќе стигне ли до обвинителството допрен глас за ,,мафијашките упади” во Жан Митрев и уредбите со (не)законска сила на Пендаровски, праша премиерот.

Премиерот не е шокиран од ,,мафијашкиот упад” на СДСМ кон Жан Митрев, да се провери дали и Пендаровски има одговорност

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top