Македонија

За политичката некрофилија и лицемерието во случајот Росица (ВИДЕО)

Бетмен раскринка гнасен обид за манипулација на голема трагедија

Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит во својата емисија од четвртокот дава прецизна дијагноза на политичката манипулација што се обиде да ја направи СДСМ во случајот со убиената Велешанка и нејзиниот татко од страна на Илија Стефановски кој подоцна се самоуби.

Илиевски на почетокот на видеото прави вивисекција на обидот на СДСМ да го обвини ВМРО-ДПМНЕ за двојното убиство иако проблемот што Стефановски не бил во притвор и можел да убива го направиле Обвинителството и судот во Велес.

Илиевски ги коментира изјавите на Богданка Кузеска и Зана Џафероска од СДСМ која беше брутално нападната од Миленко Неделковски.

Како функционира политичката некрофилија во Македонија и како се прави манипулација на случај кој апсолутно нема политичка позадина може да се види од првите неколку минути од видеото.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски со честитка за Рамазан Бајрам: Како народ отсекогаш сме знаеле да стоиме еден покрај друг

Во овие свети денови, кога се заокружува месецот на пост, трпение и на духовна посветеност, да се потсетиме на вистинските вредности што нè обединуваат како луѓе – почитта, солидарноста, хуманоста и грижата за другиот.

Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам

Рамазан Бајрам доаѓа по едномесечниот строг пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце. Во сите џамии, денеска се служи утрински Бајрам-намаз. По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини.

To top