Македонија

За уредникот на Коха спорно е бидејќи Македонец муслиман е избран за претседавач на Советот на Кичево

Главниот уредник на весникот „Коха“, Ведат Мемедалија, изрази сомнеж околу изборот на Ајхан Сулковски, советник од коалицијата Вреди, за претседавач на Советот на Општина Кичево.

Главниот уредник на весникот „Коха“, Ведат Мемедалија, изрази сомнеж околу изборот на Ајхан Сулковски, советник од коалицијата Вреди, за претседавач на Советот на Општина Кичево. Според Мемедалија, спорно е што Сулковски се претставува како Македонец-муслиман, понекогаш како Албанец или Турчин, а најчесто како Торбеш.

„Теута Ахмеди-Пурелку, Фадил Емини и Ајхан Сулковски се тројцата советници на Вреди во Општина Кичево од вкупно 19. Првите двајца се декларирани како Албанци, додека третиот – понекогаш како Турчин, понекогаш како муслимански Македонец и почесто како Торбеш. И, коалицијата ВМРО-Вреди го предлага третиот, Сулковски за претседател на Советот. Осум советници на ВМРО, три на Вреди и еден од СДСМ гласаат за Сулковски. Нека верата оди докрај!“, напиша Мемедалија на својот фејсбук-профил.

Притоа, уредникот не појаснува зошто изборот на Сулковски е проблематичен ниту што точно подразбира под изразот „нека верата оди докрај“. Тој, исто така, не наведува конкретни примери или контексти кога Сулковски се изјаснувал како Турчин, македонски муслиман или Торбеш.

Ведат Мемедалија е главен уредник на „Коха“, весник што се смета за близок до ДУИ.

На локалните избори од 19 октомври, ВМРО-ДПМНЕ освои осум советнички места во Кичево, ДУИ пет, коалицијата Вреди три, СДСМ еден, додека советничката листа е комплетирана со двајца независни советници.

Најнови вести од: Македонија

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

Повторно проблеми кај пациентите – фалат ленти и глукомери за дијабетичарите

Д-р Наташа Недеска Минова, супспецијалист дијабетолог од Центарот за дијабетес од Градската општа болница „8 Септември“, изјави дека идејата за Прирачникот за исхрана на дијабетичари се родила како потреба од она што било увидено во нивната секојдневна клиничка пракса и дека пациентите се наоѓаат во една голема конфузија помеѓу она што се нуди во современата нутритивна наука и дијабетика за дијабетичари и оние информации со коишто секојдневно доаѓаат било преку медиумите, било преку свите роднини, пријатели односно лица кои не се соодветно едуцирани за исхрана.

To top