Македонија

За утрешните локални, акредитирани 1.461 набљудувач

Акредитирани 807 домашни и 644 странски набљудувачи, соопшти ДИК

Најмногу домашни набљудувачи има Здружениеto за развој на општествено-социјални иновации „ВАКЕ УП” – Скопје – 549. Изборите ќе ги набљудуваат и МКЦ-Битола 23, ЛАГ Агро Лидер-Кривогаштани со петмина набљудувачи, Интерактив Битола со осум, Ромалитико-Скопје – 10, Здружение за општествен развој „ЗА ТЕТОВО“ – пет, Национален совет за родова рамноправност – 25, Здружение Планинарски спортски клув „КАБ Струга”, Струга – 16, Евротинк-Центар за европски стратегии – четворица, Здружение на граѓани ЦИВИЛ Центар за слобода – Скопје – 60, Здружение на граѓани за зајакнување на демократските вредности ТРИ СИ КОНСАЛТИНГ – Скопјe T – шест, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД – 27 набљудувачи, Национална мрежа Жените за жените – 20, Национален ромски центар има еден набљудувач, Здружение за унапредување на демократијата Демокраси Лаб Тетово – четорица, Национален ромски центар, Куманово – двајца, Центар за стратегиски истражувања и анализи ЦСИА Битола – еден, Здружение за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА – 11, Институт за социјална промена ИНСОК – 10 и Здружението за права и хуманост ИНТЕГРА НАУ – 10.

Според податоците од официјалната веб-страница на ДИК, најмногу меѓународни набљудувачи на Локалните избори 2025 има акредитирано ОДИХР -Канцеларија за демократски институции и човекови права – 524, амбасада на САД во Скопје – 30, Европски парламент – 12, британска амбасада во Скопје – 11, Државна изборна комисија на Хрватска – двајца, унгарската амбасада – осум, Центар за развој, реформи и обуки на изборни систем Грузија – двајца, амбасада на Словачка еден, Централна изборна комисија на Украина – еден, меѓународна Фондација за изборни системи Вашингтон, САД-подружница во РСМ – седум, амбасада на Франција – девет, амбасада на Кралството Холандија – десет, Институт за соработка и развој-Франција еден, Врховен изборен совет на Република Турција – двајца, амбасадата на Швајцарија – тројца, Државна изборна комисија Молдавија – двајца, амбасада на Република Албанија – четворица, амбасадата на Турција – еден, амбасадата на Косово тројца, Центар за тренинг на Молдавија еден и Централна изборна комисија на Косово 10 набљудувачи.

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

МВР: Пријави за семејно насилство во повеќе градови – шест лица лишени од слобода, со две лица извршен службен разговор

На 13.03.2026 година во 21.37 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Б., со кого биле разделени, при што ѝ бил оштетен и мобилниот телефон

Најнови вести

To top