Македонија

„Заедно да си ја чуваме традицијата на овој светол ден“: Влатко Миладиноски со честитка за Бадник (ВИДЕО)

Фолк-пејачот за големиот христијански празник им посака на православните верници мир, здравје и топлина во секој дом

Фолк-пејачот Влатко Миладиноски, кој со големиот оркестар на својот брат Златко Миладиноски, пред Нова година го одржа концертот на годината во арената „Борис Трајковски“, на православните верници им го честита Бадник.

„Со песна да се собираме,

со насмевка да се радуваме,
и заедно да си ја чуваме традицијата.
„Севдо“ – кога сите грла стануваат еден глас ❤️🇲🇰
а кога Златко ќе засвири –
музиката допира таму каде што зборовите застануваат.
Нека македонската песна нè спојува
денес и секогаш. ✨
На овој светол ден – Бадник,
ви посакуваме мир, здравје и топлина во секој дом“, напиша Влатко во честитката на Фејсбук, „поткрепена“ со изведбата на „Севда“ (на линкот) за време на концертот за кој се зборува и во првите денови од новата година.

Најнови вести од: Македонија

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

To top