Македонија

Заев се јави, ем ги „демантира лагите на ВМРО ДПМНЕ“ за „режираната драма за медицински канабис“ – запленета не во кила, туку во тони!

„Веќе пет години сум надвор од политиката, откако поднесов оставка од сите политички и државни функции. Пет години, речиси секој ден откако заминав, партијата ВМРО-ДПМНЕ, нејзиното раководство, нивните портпароли и медиуми не престануваат да се занимаваат со мене, ширејќи континуирани лаги, клевети и навреди.“ – објави утринава Зоран Заев на својот фејсбук-профил во врска со, како што вели, „медицинскиот канабис“, а кој им беше пронајден и запленет и тоа не со килограми туку со десеттици тони, и тоа над 40 тони!

Заев „јавно бара извинување од пратеникот Петрушевски и од партијата ВМРО-ДПМНЕ“, како што наведува, за „сите тие лаги, клевети и навреди, вклучително и намерната злоупотреба на моето име во таа режирана драма околу конфискацијата на десетици тони медицински канабис, поради наводно несоодветно чување и складирање“.

За пројавеното „безобразие и дрскост“ околу и кон неговата личност и дело експремиерот натаму изнесува на општествената мрежа: „Безобразна лага е дека сум на кој било начин поврзан со случаите со канабис што беа презентирани пред јавноста. Безобразна и дрска лага е дека сум се јавувал во Царинската управа. А без никаква срам, подеднакво одвратни се и останатите нивни лаги за мене, кои ги повторуваат речиси секојдневно откако се повлеков од политиката а посебно во овие скоро две години колку што се на власт, како онаа дека градам некакви облакодери од 40 ката во Дубаи, дека вршам притисок за купување на болницата на д-р Жан Митрев, дека се мешам во работата на правосудните и други институции, како и уште низа други измислици и конструкции.“

Заев на крајот изјавува јавно дека „нема никому да му се заканува“ за „она што го претрпел на 27 април 2017 година“, па на крајот порачува: „Трпам секојдневни навреди веќе пет години. Сите знаат дека никогаш не сум сакал да тужам, се борев за слобода на говорот. Никому не сум му се одмаздил за она што ми го направија на 27 април во Собранието, никогаш не сум ја злоупотребил политичката позиција, но сега е доста! Доколку не се извинат во законски предвидениот рок, ќе поднесам тужба против Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ. Ќе се борам со сите правни средства да ја симнам оваа дамка од моето име.“



Најнови вести од: Македонија

УЈП: Сивата економија ќе се сузбива преку засилена фискализација

Управата за јавни приходи (УЈП) започнува засилени контроли и мерки против даночните обврзници кои вршат деловна дејност и остваруваат промет со готовински плаќања, а притоа немаат регистрирано фискален систем на опрема.

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е историски настан за регионот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на почетокот на реконструкцијата, надградбата и проширувањето на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, оценувајќи го настанот како историски за Охрид, охридското крајбрежје и околните општини.

To top