Македонија

Започна обновата на Спомен-домот на Разловечкото востание во Разловци

Активно се реализира проектот за целосна обнова на Спомен-домот на Разловечкото востание во делчевското село Разловци, објект од исклучително историско и културно значење за македонскиот народ. Со проектот се исполнува повеќегодишна заложба за заштита и ревитализација на овој значаен споменик, кој претставува симбол на првото организирано македонско востание. На отпочнувањето на градежните активности присуствуваа претставници […]

Активно се реализира проектот за целосна обнова на Спомен-домот на Разловечкото востание во делчевското село Разловци, објект од исклучително историско и културно значење за македонскиот народ. Со проектот се исполнува повеќегодишна заложба за заштита и ревитализација на овој значаен споменик, кој претставува симбол на првото организирано македонско востание.

На отпочнувањето на градежните активности присуствуваа претставници од изведувачот, градежниот и конзерваторскиот надзор, директорот на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ Златко Начовски, директорот на Национален конзерваторски центар Александар Јорданоски, како и претставници од Општина Делчево.

Директорот на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, Златко Начовски, нагласи дека проектот има особено значење за заштита и унапредување на културно-историското наследство поврзано со Разловечкото востание, како еден од најзначајните настани во македонската револуционерна историја.

-Обновата ќе обезбеди соодветна заштита на објектот, подобрување на инфраструктурата и создавање подобри услови за презентација на историските содржини пред посетителите, со што ќе се придонесе и кон развој на културниот туризам во регионот, истакна Начовски.

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски ги поздрави започнувањето на работите потенцирајки дека обновата на Спомен-домот е исполнување на јавно дадено ветување пред граѓаните и важен чекор во зачувувањето на националната историја.

-И покрај сомнежите во минатото, проектот денес станува реалност, а заложбите на локалната самоуправа се водени од одговорност и љубов кон историското наследство. Разловци заслужува ваков капитален зафат, а идните генерации треба да растат со чувство на гордост и припадност кон сопствената историја, додаде Гоцевски, подвлекувајки дека со реализацијата на овој проект се прави значаен чекор кон трајно зачувување на автентичноста на Спомен-домот и негово достоинствено претставување пред јавноста и идните генерации.

Градежните работи ќе се одвиваат согласно утврдениот план и под стручен надзор, а во наредниот период се очекува зголемување на бројот на ангажирани работници и интензивирање на динамиката на работа.

Вредноста на проектот изнесува 21 милион денари, а средствата се обезбедени од Министерство за култура и туризам, со поддршка од Владата.

Најнови вести од: Македонија

Промовирано македонското издание на книгата „60 икони на Мајката Божја“

Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, пред повеќе од 200 гости беше промовирано македонското издание на книгата „60 икони на Мајката Божја“ од француската авторка Аријан де Сен-Марк

Црквата „Св. Атанасиј Велики” под планината Кожуф ќе биде прогласена за споменик на културата

Црквата „Св. Атанасиј Велики“ од 19 век, сместена на падините на Кожуф во гевгелиското село Габрово, ќе биде прогласена за споменик на културата. Одлуката беше донесена на последната седница на Советот на Општина Гевгелија, со што започнува постапката за нејзина заштита и реставрација

To top