Македонија

Започна првиот уписен рок на факултетите

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска стартуваше првиот рок за пријавување на кандидати за запишување во прва година на додипломски студии за академската 2025/2026 година.

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска стартуваше првиот рок за пријавување на кандидати за запишување во прва година на додипломски студии за академската 2025/2026 година. Пријавувањето ќе трае два дена, на 19 и 20 август.

Според конкурсот на УКИМ, на 23-те факултети се нудат вкупно 9.719 места, распределени на следниов начин:

  • 4.683 места за редовни студенти финансирани од државниот буџет,

  • 4.081 места за редовни студенти со кофинансирање,

  • 955 места за вонредни студенти.

Најмногу слободни места има на следните факултети:

  • Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ (1.020 места),

  • Природно-математички факултет (910 места),

  • Филозофски факултет (880 места),

  • Филолошки факултет (810 места),

  • Медицински факултет (760 места),

  • Економски факултет (700 места),

  • Правен факултет (610 места),

  • Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ (590 места).

Редовните студенти финансирани од државата ќе плаќаат партиципација од 200 евра, додека студентите со кофинансирање и вонредните студенти ќе плаќаат по 400 евра.

Сите кандидати мора да се регистрираат на www.upisi.ukim.mk и да ја пополнат електронската пријава преку iKnow-системот. Деталните услови за запишување, критериумите, роковите и потребната документација се наведени во конкурсот.

Првиот уписен рок трае на 19 и 20 август. Вториот рок е закажан за 11 и 12 септември, а третиот рок, доколку останат слободни места, ќе се одржи на 24 септември 2025 година.

Најнови вести од: Македонија

Комисијата по жалби го поништи тендерот МВР за униформи

Компанијата чија понуда била избрана за најдобра за делот за виндјакна и за теренска униформа за редовната полиција, не ги исполнувала самостојно условите за минимален број на вработени и други критериуми туку приложила т.н. техничка поддршка од фирма од Србија

To top