Македонија

Започна првиот уписен рок за средно образование

Од Министерството за образование и наука апелираат до учениците и родителите навремено да го завршат процесот на пријавување и доставување на документацијата, за да се избегнат непотребни застои и компликации.

Со завршувањето на наставата денеска, официјално започна и првиот уписен рок за запишување во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година.

Полуматурантите ќе можат да се пријават електронски преку порталот Uslugi.gov.mk, користејќи ги своите кориснички сметки од schools.mk, по што ќе треба да ја достават потребната документација во средните училишта во кои конкурираат.

Според Конкурсот на Министерството за образование и наука:

  • Првото електронско пријавување во јунскиот уписен рок ќе трае од 12 јуни (00:00) до 15 јуни (23:59).
  • Второто пријавување е предвидено за 23 јуни.
  • Во августовскиот уписен рок ќе има едно електронско пријавување – на 20 август.

За претстојната учебна година се обезбедени над 25.000 слободни места во 109 јавни средни училишта низ државата. Од нив, повеќе од 17.000 се во стручното образование, речиси 6.000 во гимназиското образование и 570 во уметничките училишта.

Од Министерството за образование и наука апелираат до учениците и родителите навремено да го завршат процесот на пријавување и доставување на документацијата, за да се избегнат непотребни застои и компликации.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top