Македонија

Ни трага ни глас од самобендисаниот Артан Груби на почетокот на судењето кое може да му донесе 10 години затвор

Забележително е што никој друг од тогашниот состав на Владата не е осомничен

Обвинителот Даниел Коцев најави дека во судската постапка против осум лица осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување ќе изведе 231 материјален доказ и седум сведоци. За делото е предвидена затворска казна од една до пет години.

Меѓу обвинетите се поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами (во бегство), поранешниот вицепремиер Артан Груби (во куќен притвор), како и Методија Димовски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авди.

Бајрами го застапува адвокатот Еленко Миланов, Груби – Гоце Ристевски и Владимир Доневски, Мехмети – Љубица Попова, а Јанев – Антонио Апостолски. Застапник на Државна лотарија е Бојан Стоевски.

На последното рочиште беше укажано дека списите сè уште не се доставени до сите обвинети поради краткиот рок. Обвинителот Коцев соопшти дека вештото лице доставило дополнување на листата, бидејќи износите во денари претходно биле наведени без вклучен ДДВ, а само во евра.

„Тоа ќе биде образложено при изведувањето на доказите“, посочил обвинителот.

Целиот доказен материјал е спакуван во осум хартиени кутии и ќе биде доставен до сите обвинети и нивните бранители, вклучително и до адвокатот на Бајрами.

Груби побарал да добие копија од обвинителниот предлог. Според проценките на Обвинителството, најголемиот дел од материјалните докази (освен вештиот наод) би можеле да се изведат на едно рочиште, додека сведочењата би барале уште две до три рочишта, во зависност од директното и вкрстеното испрашување.

Случајот се однесува на наводи за злоупотреба на службената положба.

Груби е вклучен бидејќи, според обвинението, како претседавач со владина седница овозможил на дневен ред да се стави и да се изгласа точка поврзана со спорната набавка. Одлуките на Владата се донесуваат колективно, а според Деловникот генералниот секретар ги подготвува седниците.

Забележително е што никој друг од тогашниот состав на Владата не е осомничен

Најнови вести од: Македонија

Пожар се заканува на бензинска пумпа

Иако засега нема проценка за неконтролирано ширење на пожарот, близината на цистерните и бензинската пумпа ја прави ситуацијата особено чувствителна и бара внимателно следење и брза реакција на терен, предупреди синоќа директорот на ДЗС Стојанче Ангелов

35 години „Матица Македонска“

Поетот, книжевен критичар и антологичар Раде Силјан ја основа „Матица македонска“ во време на голем национален и општествен пресврт, со јасна определба книгата на македонски јазик да стигне до македонскиот читател и до секој македонски дом

To top