Македонија

Затвор за Бразилка кој посредувала во проституција на жени од Бразил

За девојките биле креирани профили каде што биле објавени телефонски броеви, цени за сексуални услуги и дополнителни услуги, како и фотографии со експлицитна содржина

Основниот кривичен суд во Скопјe вчера донесе пресуда за тројца од четворицата осомничени во случајот за посредување со девојки од Бразил за проституција во Скопјe.

Де Хесус Невес Марлиен, бразилска државјанка, беше осудена на пет години и шест месеци затвор, додека третоосомничениот, Сабедин Демири, и четвртоосомничениот Немања Михајловски, државјани на Македонија, беа осудени на алтернативна пресуда, имено една година затвор и една година и шест месеци доколку сторат кривични дела во следните три години.

На денешната седница, судот донесе одлука за одвојување на постапката за второобвинетиот, Маан Махмалад, државјанин на Македонија, бидејќи тој беше единствениот од четворицата осомничени кој не се изјасни за виновен.

Според обвинението, за бразилските жени биле креирани профили каде што биле објавени телефонски броеви, цени за сексуални услуги и дополнителни услуги, како и фотографии со експлицитна содржина.

Сексуалните услуги се нуделе во апартман лоциран во луксузниот комплекс „Џевахир“ во Скопје, кој бил изнајмен за 440 евра месечно.

Де Хесус Невес Марлиен изјави дека ги проверувала профилите, контактирала со потенцијални клиенти, го организирала дневниот распоред на клиенти за секоја девојка и го одредила времетраењето на услугите, кое се движело од 150 евра за половина час, 200 евра за еден час, 300 евра за два часа, 450 евра за три часа и 800 евра за целата ноќ за сексуални услуги, додека од вкупната добивка задржала 30 проценти од сумата за себе.

Најнови вести од: Македонија

Од пад од 5% до раст од 5,2% – СДСМ да ги погледне статистичките податоци за платите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ се повика на податоците на ДЗС според кои просечната нето-плата во септември изнесувала 49.141 денар, со номинален годишен раст од 8,1 отсто и реален раст од 5,2 отсто. Во септември 2022 година реалната нето-плата бележела пад од пет проценти.

Охриѓани со порака: Насилството не е проблем на една личност, тоа е заеднички проблем

Љупчo Ѓорѓиески, таткото на 26-годишна Сара Ѓорѓиеска која нејзиното момче Кристијан Корабоски на 15 ноември ја претепа до бесознание и ја остави на улица во Охрид, денеска со нејзина фотографија на која ѝ се гледаат модрици по лицето се приклучи на охридскиот протест против насилството врз жените и фемицид.

(Видео): Избрана трасата за експресниот пат Кочани-Виница-Делчево, камен-темелникот в година, рече премиерот

По јавната расправа е избрана една од двете разгледани варијанти и дека апликацијата за проектот е веќе поднесена пред меѓународните финансиски институции.

Micro RGB: пристигна супер-автомобилот помеѓу телевизорите

Секоја индустрија има свој врв. Автомобилската индустрија ги има супер – спортските автомобили, а светот на телевизорите сега го има Micro RGB. Најновата водечка технологија на “Samsung“ ја носи најчистата боја што компанијата досега ја прикажала, со посебен фокус на удобноста при гледањето.

To top