Македонија

Зеленски сака да се сретне со Путин

Зеленски не гледа подготвеност на Русија да ја заврши војната, о САД веруваат дека Владимир Путин, бара начин да ја заврши, што укажува на разлика во позициите на двете страни

 

Украинскиот претседател изјави дека Украина сериозно ги сфаќа мировните преговори со Русија и дека дискусиите би биле поефикасни доколку се водат на ниво на национални лидери.

„Украинците сериозно ги сфаќаат преговорите. Веруваме дека разговорите се неопходни – по можност на ниво на лидери – и сме подготвени за тоа. Русите бараат конечно решение за воена акција: Украина да ги прифати нивните услови, вклучително и повлекување на украинските вооружени сили од територијата што ја контролираме во регионите Донецк и Луганск“, изјави Зеленски за Ројтерс, според весникот „Украинска правда“.

Тој додаде дека двете страни разбираат уште колку руски сили требаат за да ја преземат таа територија, со месечни загуби од 28.000 до 35.000 војници.

„И сè уште не е сигурно дека ќе можат да ја преземат. Тие би можеле да закопаат од 300.000 до еден милион свои војници таму.“

Украинскиот лидер истакна дека Кремљ не разбира целосно како јавноста ќе реагира на ваквите загуби и дали луѓето на крајот ќе ги прифатат, бидејќи станува збор за територија од „само 6.000 квадратни километри“.

Во јануари, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека Зеленски е подготвен да се сретне со Владимир Путин за да реши две клучни прашања во мировните преговори: територијалните спорови и статусот на нуклеарната централа Запорожје.

Зеленски, исто така, рече дека Украина не гледа подготвеност на Русија да ја заврши војната и повика на зголемен притисок врз Москва.

Од друга страна, САД веруваат дека лидерот на Кремљ, Владимир Путин, бара начин да ја заврши војната, што укажува на разлика во позициите на двете страни.

Најнови вести од: Македонија

Новиот меѓународен секретар на СДСМ Жерновски, иако е „експерт за дипломатија и меѓународни односи“, нема поим што значи кратенката НАТО?!

Новиот меѓународен секретар на СДСМ, Андреј Жерновски, во емисијата „Претрес со Ландов“ не знаеше да одговори што означува кратенката НАТО. Беше блиску до одговорот, но, сепак не го погоди целосното значење за оваа меѓународна организација која е политички и воен сојуз формиран за колективна одбрана.

Полицаецот М.А. од Кичево тепал граѓанин, иако не давал отпор! – МВР го суспендира од работа и го прати на психијатар!

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција– Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против М.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,малтретирање во вршење на службата“

Мицкоски: Македонија од држава за потсмев и во криза сега е чинител на енергетска стабилност

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на собраниската седница за пратенички прашања за состојбите и плановите во енергетскиот сектор, потсети на моментите во енергетскиот сектор кога новата влада ја презема извршната власт, оценувајќи ја како алармантна и катастрофална состојба, катаклизмична состојба во август, септември 2024 година, со акумулации на некои 7 до 8 проценти, јаглен на депонија во РЕК Битола од 20-30 тони доволни за еден блок да работи 5-6 дена, неремонтирани рударски машини , незавршени јавни набавки, неремонтирани производни блокови, Осломеј Кичево запуштен и запоставен како споменик од некое транзициско време. Една катастрофална состојба, оцени Мицкоски.

To top