Македонија

ЗЕЛС на итен состанок за ѓубрето во Скопје од кое нема спас долго време

Ѓорѓиевски најави дека ќе се бара поддршка и од колегите надвор од Скопје за расчистување на метежот и упати апел до раководството на „Дрисла“ да не вршат опструкции при влезот на механизацијата која ќе го транспортира отпадот.

Изнаоѓање трајно решение за проблемот со отпадот во Скопје е причина за денешниот состанок на скопските градоначалници во рамките на ЗЕЛС. Претседателот на ЗЕЛС и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вели дека причина за состанокот, инициран од градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, е нефункционалноста на ЈП „Комунална хигиена“ и претворањето на Скопје во „една голема депонија“.

Скопските градоначалници се собраа на едно место, одржан вонредниот состанок на ЗЕЛС кој го побара градоначалникот на Центар Горан Герасимовски. Пред состанокот Герасимовски изјави дека хигиеничарите од Центар работеле во две смени, а Комунална хигиена требало да се освести бидејќи вака ни се спрема комунално – еколошка катастрофа во градот.

Градоначалниците од Скопскиот Регион, со поддршка од општествено одговорни компании, во изминатите денови се обидувале да го амортизираат хаосот. Ѓорѓиевски најави дека ќе се бара поддршка и од колегите надвор од Скопје за расчистување на метежот и упати апел до раководството на „Дрисла“ да не вршат опструкции при влезот на механизацијата која ќе го транспортира отпадот.

Инаку, главниот град – Скопје со денови се дави во ѓубре, поради неисчистените контејнери и претставува опасност за појава на епидемија. Тротоарите пак околу комуналните садови се затрупапани со купишта отпад и дополнително ги загрозува пешаците кои се приморани да се движат по улица, но и безбедноста на учесниците во сообраќајот. Не е мала опасноста и од појава на глодари, кои се преносители на заразни заболувања.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top