Македонија

Жена на диво наплаќа и до 20 евра за влез во кратовска „Куклица“, во спротивно дрско се заканува со оштетување на автомобилите!

Граѓани реагираат револтирано на социјалните мрежи дека извесна жена нелегално наплаќа влез за посета на локалитетот „Куклица“ во Кратовско, еден од најпознатите природни феномени во Македонија прогласен како споменик на културата.

Марио Станојковски јавно побара институциите да ги проверат наводите за наплата на влез и ограничувањето на пристапот до локалитетот. „Куклите кај Кратово се природно богатство кое им припаѓа на сите нас. Јавен простор, создаден од природата, даден за сите. Денес повторно бев спречен да влезам“, напиша тој.

Тој тврди дека туристи од Косово му кажале дека платиле по 10 евра за влез, додека при претходна посета им биле побарани по 20 евра од лице. „Им било речено дека Куклите се приватна сопственост и тие поверувале бидејќи никој не им ја кажал вистината. Младенци плаќале за свадбени фотографии“, наведува Станојковски.

По објавата на Станојковски се појавија десетици коментари од граѓани кои тврдат дека имале слични искуства. „Денес со сопругата и внукот решивме да ги посетиме Кратово и Куклите, но наидовме на жена која ни бараше пари за влез, велејќи дека тоа е нејзин приватен имот“, пишува во еден од коментарите.

Петар Слејановски наведува дека со семејството бил спречен да го посети локалитетот затоа што од нив била побарана наплата за влез. „Жената со нејзиното дрско однесување извади клучеви и ми се закани дека ќе ми ја изгребе колата и ќе ми ги дупне гумите ако продолжам, а не платам 240 денари за влез“, тврди Слејановски.

Сара Драгевска пишува дека на пат кон локалитетот биле запрени од полицајци, кои ги посоветувале да не одат на локалитетот. „Ние денес тргнавме натаму, по пат не сретнаа полициски службеници и најкултурно и професионално нѐ прашаа каде одиме? Дали кај куклите или во кафаната? Ние одговоривме кај куклите. При што полицајците ни рекоа најубаво е да се вратиме зашто до сега се расправале со ‘некој’ кој наплаќал скапо влез за таму а не издавал фискална сметка за истото. И дека не можат да реагираат соодветно сега. За да не нѐ ограбуваат поединци за џабе, најубаво би било да се вратиме. По возилото во кое беа полицајците имаше уште неколку возила позади нив најверојатно посетители што се вратиле. И ние го послушавме нивниот совет и се вративме“, пишува Драгевска.

На социјалните мрежи се споделува објава на Општина Кратово од 24 јуни 2025 година, во која локалната самоуправа соопштува дека до Основното јавно обвинителство поднела кривична пријава поврзана со локалитетот „Куклица“. Во тогашното соопштение Општината тврди дека објектот и земјиштето на локалитетот се узурпирани од физички лица кои вршеле „неосновано и бесправно управување со просторот и користење на одредени права на стопанисување без основ и без согласност на ниту една надлежна институција“.

„Подолг временски период во континуитет Здружението Извор Кратово на чело со Милош Димитровски и лицето Стојна Д. вршат кривични дела на узурпација, присвојување и неосновано користење на Дрвена куќичка (Брвнара) во локалитетот Камени кукли во селото Куклица, каде вршат неосновано и бесправно управување со просторот и користење на определени права на стопанисување без основ и без согласност на ниту една надлежна иснституција и Општина Кратово“, објави лани Општина Кратово.

Според сведоштвата на граѓаните, проблемот сѐ уште не е решен.



„Нетпрес“

Најнови вести од: Македонија

Премиерот Мицкоски на првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Првиот академски ќас ќе се одри и на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, „Св. Климент Охридски“ во Битола,  Државниот универзитет во Тетово и „Мајка Тереза“ во Скопје, на „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Героски: Филмот „Враќањето на бугарскиот Цар Самуил во татковината Бугарија“ е пропаганда и мизерија на најјако!

Ете баш вака изгледа „заедничката историја“ на европејски начин. Сите коски се бугарски! Политичка митологија и пропаганда пуштени на најјако. Грда и болна демонстрација на сила. Мизерија. А допрва ќе мора да признаеме дека нашата „заедничка историја“, всушност, е туѓа. Дека сме ја украле. Дека сме фалсификатори и лажговци. Дека, всушност, сме измислени и дека не постоиме. Уште има некој кому ова не му е јасно? Ова го истакнува новинарот Бранко Ѓероски во својата колумна со наслов „Цар Самуил се враќа во ‘татковината Бугарија’ со самолет, aj па ние утре Гоце Делчев ќе им го вратиме со дрон!“, објавена во порталот „Плус инфо“.

Манасиевски до Кузеска: Вие сте предавници, ВМРО ДПМНЕ е против „Бугари во Устав“ под бугарски диктат!

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски кој се осврна на актуелните случувања поврзани со уставните измени и односите со Бугарија и порача дека ВМРО-ДПМНЕ е против уставни измени под бугарски диктат.

Шамбевски: Бугарија чини катастрофално погрешен чекор во однос на Македонија со моштите на Самоил! Може да ги пренесе, но не и Самоиловата тврдина од Охрид!

Споменот на Царот Самоил е во многу нешта заслужен за развивање на македонскиот национален идентитет и како таков бил светилник во најтемните денови на овој народ. Неговите коски можете да ги преместите колку сакате. Но, планините, езерата, градовите и историските траги не ги собира во ковчег!“ – реагира Оливер Шамбевски, македонски политичар и поранешен амбасадор на Република Македонија во низа светски држави, во врска со циркусот така наречен „враќање на моштите на цар Самуил во Бугарија“.

ВМРО ДПМНЕ: Каракачанов да си ги покани во Бугарија Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил, кој има неизбришлива трага за Македонија!

„Во однос на поканата на Каракачанов до лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Мицкоски за присуство на пренесување на моштите, посоодветно е таа покана да ја испрати до неговите истомисленици Зоран Заев и Венко Филипче.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ кон Красимир Каракачанов. Претходно, во текот на овој ден, на 30 септември 2026 година Красимир Каракачанов, во улога на претседател на бугарската партија ВМРО и поранешен бугарски вицепремиер му упати дрска и провокативна покана на лидерот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата на Македонија Христијан Мицкоски „да присуствува на 3 октомври 2026 година на враќањето на посмртните останки на големиот бугарски владетел цар Самуил во неговиот роден град, во Софија, како знак на почит кон една од најзначајните личности во нашата заедничка средновековна историја“!

To top