Македонија

Жерновски и „мали Фрчко“добија функции во СДСМ, во игра е вратена и Ана Чупевска – кои се старо-новите лица на партијата

Александар Димитријевиќ, Љупчо Фармаковски, Андреј Жерновски, Симона Цветановски, Рената Младеновска, Дејан Николовски, Јон Фрчкоски, Наташа Попоска и Петар Огњеновиќ се дел од новото партиско раководство на СДСМ, избрано на вечерашната седница на Централниот одбор.

Александар Димитријевиќ, Љупчо Фармаковски, Андреј Жерновски, Симона Цветановски, Рената Младеновска, Дејан Николовски, Јон Фрчкоски, Наташа Попоска и Петар Огњеновиќ се дел од новото партиско раководство на СДСМ, избрано на вечерашната седница на Централниот одбор.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, соопшти дека Димитријевиќ останува генерален секретар на партијата, додека функцијата организациски секретар повторно ќе ја извршува Љупчо Фармаковски. Во новиот Извршен одбор, како што информираше, влегуваат Андреј Жерновски, Симона Цветановски, Рената Младеновска, Дејан Николовски, Јон Фрчкоски, Наташа Попоска и Петар Огњеновиќ.

Централниот одбор донел одлука и за формирање Советодавен совет на партијата, кој ќе го предводи поранешната потпретседателка на СДСМ, Ана Чупевска.

Филипче потврди дека Фани Каранфиловска Пановска и натаму останува заменик-претседател на партијата, при што нејзината оставка, како што беше посочено, дополнително треба да ја констатира Конгресот.

Според претседателот на СДСМ, новиот Извршен одбор претставува спој на млади и искусни кадри, а улогата на поискусните членови ќе биде да го пренесат своето знаење и искуство на помладите.

На прес-конференцијата, Филипче порача дека партијата влегува во директна политичка конфронтација со актуелната власт.

„Станува збор за тим кој влегува во храбра и одлучна борба против актуелната власт на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН“, изјави Филипче.

Тој најави дека СДСМ ќе ја прошири својата платформа и ќе отвори простор за соработка со граѓански организации, независни поединци и интелектуалци.

„Го формиравме и Советот на партијата кој ќе има улога во привлекување слободоумни луѓе што ги делат нашите вредности. Нашиот фронт, кој го објавуваме вечерва, постепено и сигурно ќе расте, затоа што се подготвуваме власта да ја вратиме во рацете на граѓаните“, рече Филипче.

Тој додаде дека СДСМ ќе се спротивстави на, како што наведе, политиките на изолација од Европа, корупцијата и криминалот, како и на проектите кои, според него, се штетни за државните интереси.

 

Најнови вести од: Македонија

Расте интересот за сметководството: ИСОС со нови иницијативи за младите

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) изминатиот период спроведе низа активности за подигнување на атрактивноста на сметководствената професија и нејзина промоција меѓу студентите и средношколците

„Стандард и Пурс“ и „Фич“ го потврдија досегашниот кредитен рејтинг на Македонија

Македонија води кредибилни и конзистентни макроекономски политики поддржани преку долгогодишната политика на фиксен девизен курс, подобрите показатели за управуање во споредба со други земји со слични економски перформанси, како и посветеноста на реформи во рамки на процесот на пристапување во ЕУ. Ова го констатира кредитната агенција „Фич“ во последниот извештај со кој земјата го задржа и кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед.

Најнови вести

To top