Македонија

Златните визи на Венко и Заев за Дубаи на крај излегоа златни визи за политичка историја на една партија

Димче Арсовски денеска стави точка на милоста и отвори судска војна против СДСМ.

facebook.com/dimsa.arsovski

Димче Арсовски денеска стави точка на милоста и отвори судска војна против СДСМ. Поводот е вчерашната прес-конференција на социјалдемократите на која неговото име беше вовлечено во приказната за тендери од 9 милиони евра, со тврдење дека е роднина на еден од сопствениците на фирмата-добитник. Арсовски веднаш демантира: нема никаква роднинска врска, само исто презиме. Побара јавно извинување. СДСМ одби – и тоа дрско.

Одговорот на Арсовски е бескомпромисен и напишан со стил што ќе се памти:

„Златните визи на Венко и Заев за Дубаи на крај излегоа златни визи за политичка историја на една партија како СДСМ, која секојдневно со неспособноста и непознавањето на суштината на политиката, брзо и сигурно оди со рејтингот да се израмни со ЛДП, ако некој воопшто ја памти таа партија.“

Потоа следува финалниот удар:

„Културно им дадов шанса да се извинат. Дрско одбија. Затоа денес соопштувам: ќе ги тужам за клевета. Целата оштета што ќе ја пресуди судот ќе биде донирана.“

Случајот Арсовски против СДСМ од утре официјално е на судска маса. А рејтингот на СДСМ, според Димса, веќе се мери со архивска прашина.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

To top