Македонија

Зошто СДСМ сака да го прикаже Мицкоски како умрен

Анализа: Црно-белата естетика на СДСМ – Некролог за Мицкоски или очајна кампања на мртва партија која користи симболи на смрт во политичка пресметка

Вчерашната објава на црно-бела фотографија на министерот за локална самоуправа во владата на Христијан Мицкоски е последната шајка во црната кампања што СДСМ систематски, со години, ја води против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата.

Во македонската политичка комуникација последните години постојано се појавува повторувачки визуелен мотив од страна на опозицискиот СДСМ, кој практично претставува објава на неформален некролог за Мицкоски од страна на Бихаќка.

Објавувањето на фотографии на премиерот Христијан Мицкоски во црно-бела техника, стилизирани на начин што асоцира на некролог или жална вест, е една од техниките што СДСМ ги користеше и во времето на Заев, а и сега под раководство на Филипче.

Ова не е случајна естетска одлука, туку дел од поширока стратегија на визуелна политичка комуникација. Иако и луѓе во СДСМ признаваат дека се работи за гадна техника што е нечовечка, СДСМ под раководство на Филипче и под директна контрола на Богданка Кузеска, која според партиски извори е гуруто на нечовечката кампања, не запира.

Една од целите на оваа техника е да се застрашат блиските на премиерот. Додека јавноста ни кога Филипче бешр министер не знаеше која му е жена или дете за семејатвото на Мицкоски СДСМ директно или индиректно ширеше негативни информации во повеќе наврати. Постојаното објавување на ,,умреници” за Мицкоски е насочено пред се кон неговото семејство кое очигледно според Филипче и Кузеска треба постојано да биде вознемирувано.

На Бихаќка не разбираат многу од политички ПР но добро знаат дека црно-белата фотографија во јавниот дискурс традиционално носи конотации на тага, крај или смрт. Во некролозите, и во овие неформалните на СДСМ, таа е симбол на крај на животот.

Кога опозицијата систематски ја применува некрофилијата врз премиерот, целта на пораката е повеќеслојна: политичка „смрт“ на авторитетот, морална дискредитација или сугестија дека нивната власт е веќе во фаза на умирање. Во контекст на постојаните обвинувања за корупција, криминални врски, изолација и неуспех во европските интеграции, црно-белата техника станува визуелен еквивалент на наративот „оваа власт е мртва“.

За жал, во СДСМ нема кој на Филипче да му каже дека некролошката кампања не му помага и е контрапродуктивна. Рејтинзите на партиите и лидерите, каде што Мицкоски е 7-8 пати попопуларен од Филипче, јасно покажуваат дека политичките умреници на Филипче имаат контраефект.

Посебен проблем за Филипче е тоа што тој, како доктор, треба да го слави и промовира животот, па дури и на своите најголеми политички непријатели. Но ова е тема за Лекарската комора, која ако сака може да се позанимава со ова однесување на Филипче, кој од спасител на животи се трансформира во човек што „умира“ живи луѓе.

Неговиот ментор Зоран Заев јавно велеше дека ќе јаде живи луѓе и буквално уништуваше стотици животи.

Ако оваа аналогија се пренесе на Филипче, и тој, ако еден ден дојде на власт, може да носи смрт наместо живот.

Политичкиот ефект е двоен. Од една страна, ваквите визуелни пораки се ефикасни во ерата на социјалните мрежи – брзи, емоционални, лесно споделиви и способни да предизвикаат силни реакции без долги објаснувања. Тие ја зајакнуваат поларизацијата и ја одржуваат опозициската база во состојба на постојана мобилизација. Од друга страна, ризикот е презаситеност и контраефект: постојаното „погребување“ на противникот може да делува како признание на сопствената слабост – дека наместо конкретна алтернатива и визија, СДСМ нуди само некрофилија.

На истиот начин, но многу поретко, СДСМ се однесувал и кон претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова со Бланар: Словачка е против двојни стандарди во третирањето на земјите-кандидати за ЕУ

Словачка со силна поддршка за Македонија. Претседателката Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.

Премиерот е за отворање рудник за антимон кај Крива Паланка – „Штука“ и „Иловица“ предмет на судска постапка

Мицкоски истакна дека арбитражниот спор за „Казандол“ завршил во корист на македонската влада и дека украинската компанија, која била концесионер и ја покренала постапката, треба да ги плати трошоците поврзани со арбитражата.

Производството на струја е стабилно, рече министерката Божиновска

Произведената електрична енергија во земјава сега се продава по 65 евра за мегават-час, што е повеќе од двојно пониска цена во споредба со периодот кога актуелната Влада ја презела функцијата, кога цената надминувала 135 евра.

Мицкоски за Филипче: Ме нарекува „идиот“, а „идиот“ 7-8 пати го победува на избори, и нека се запраша кој е вистинскиот идиот?!

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата упатени кон него, истакнувајќи дека бил навредуван оти е „арамија“, „предводник на организирана криминална група“ и “нарко-трговец. Тој потсети и дека Филипче го нарекол „идиот“, прашувајќи кој е, поправо, вистинскиот идиот, ако тој тој успеал да победи на седум или осум избори.

Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална М-услуга и можност за дополнителни попусти

Зголемување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна и воведување посебна дигитална услуга преку апликацијата М-услуги, ова е предлогот што Владата им го презентирала на претставниците на студентските парламенти на сите универзитети, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска за младинските политики и студентскиот стандард.

Бланар: Словачка е против двојни стандарди за РМ во пристапувањето кон ЕУ! – Расте фрустрацијата кај кандидатките и ќе го изгубиме регионот!

Ние не можеме да прифатиме дека во европската интеграција која е поставена на ЕУ стандарди има различни критериуми за различни држави. Северна Македонија може да смета на големата поддршка на Словачка во евроинтеграцијата. Ова е наша улога којашто ја потврдивме уште на Самитот во Солун во 2004 година, но денес може да кажеме дека не […]

To top