Регион

Аца Лукас: Цеца направи многу лош гаф (ВИДЕО)

Не можам да разберам, да им ја навредуваш гордоста на луѓе кои ти дошле на концерт, луѓе кои те сакаат… Зошто тоа го направила, дали го направила намерно?

„Не можам да разберам, да им ја навредуваш гордоста на луѓе кои ти дошле на концерт, луѓе кои те сакаат… Зошто тоа го направила, дали го направила намерно? рече тој за за ХајпТВ, пренесува Плусинфо

Уште полошо е ако е од незнаење, ако не знае како изгледа знаме на некоја држава, тоа е веќе, знаеш… Јас кога не би знаел како изгледаат знамињата, не би земал ниту едно знаме, би пеел без знаме, ама мислам дека не е тоа во прашање.

Не знам, мислам дека е гаф, лош, многу лош гаф, мислам дека тоа е катастрофа и луѓето реагираа онака како што треба да реагираат. Особено што тука дошле луѓе што ја сакаат неа.

За мене е непоимливо и несфатливо дека некој може такво нешто да направи. Ако знаела што прави, тогаш тоа би можело да биде некој вид провокација, жестока“ вели Лукас.

Најнови вести од: Регион

Русија регрутира граѓани од Молдавија, Бугарија и Србија за хибридни напади во Европа

Според западни разузнавачки извори, регрутерите и пропагандистите кои претходно работеле за рускиот ПМЦ „Вагнер“ станале главна алатка на Кремљ за организирање саботажни операции во европските држави.

To top