Македонија

Цеца во Велес вееше бугарско знаме (ВИДЕО)

Посетителита на концерот се почувствуваа навредено и почнаа да ја исвиркуваат

Српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ синоќа одржа концерт во Велес , но настапот беше обележан со неочекуван момент кој привлече големо внимание од публиката.

За време на изведбата на еден од нејзините хитови, пејачката го развиори бугарското знаме, што предизвика бурна реакција од присутните.

Според видеата што кружат онлајн, за време на настапот Цеца во еден момент подигнала бугарско знаме, потег кој веднаш ја подели публиката. Дел од присутните ја исвиркале и реагирале бурно, додека други го напуштиле концертот во знак на протест. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top