Регион

„Албанија не е за продажба“, премиерот Еди Рама – ДА

Носеа транспаренти и извикуваа „Рама, поднеси оставка“, „Оди си“, „Цела Албанија те мрази“, „Рама во затвор, Бериша во затвор“, „Албанија не е за продажба, туку владата”, „Дојден ви е крајот”

Синоќа во Тирана се одржа 100-от граѓански протест против изградба на луксузни одморалишта во заливот Зврнец и на островот Сазан, кои се заштитени подрачјa.

Учесниците се собраа на плоштадот Скендербег, каде што го изразија своето незадоволство, а потоа, со национални знамиња и силни повици против владата, се упатија пред кабинетот на премиерот Еди Рама.

Демонстрантите бараат оставка на премиерот Еди Рама и формирање привремена непартиска влада.

За денеска најавија собир пред Парламентот, каде треба да се одржи првата пленарна седница по годишните одмори.

Движењето, наречено „Фламинго револуција“, почна на 31 мај како протест против проектот за изградба на луксузно одморалиште во заштитеното подрачје, чиј инвеститор е зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џерат Кушнер.

И покрај протестите премиерот Рама не се откажува од проектот на џзетот, кого по измените на Законот за заштитени подрачја на крајот на декември 2024 година, владата го прогласи за стратешки партнер. Рама тврди дека проектот ќе биде според европските стандарди за заштитени подрачја.

Најнови вести од: Регион

Ива побарала онлајн да учествува на денешното судење во Кочани

Таа објасни дека нејзиниот адвокат поднел барање за да може да учествува преку интернет на денешното рочиште за случајот во судот во Кочани. „Значи, чекаме да видиме дали обвинителството и судот ќе го прифатат ова наше барање да се вклучиме онлајн

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

To top