Регион

Балканска трагедија – Пет алпинисти од Босна и Херцеговина загинаа на планината Елбрус

Експедиција од Македонија в петок трга токму на искачување на Елбрус

Петмина босански алпинисти загинаа на планината Елбрус во Русија, објави рускиот портал Lenta. Само двајца членови на експедицијата успеале да ги преживеат екстремните услови на планината.

Повикувајќи се на информации од рускиот Телеграм канал Shot, руските медиуми објавија дека само двајца членови на групата за искачување преживеале. Еден човек успеал сам да се симне од планината и да повика помош, додека другиот бил пронајден од спасувачките екипи. Двајцата преживеани се хоспитализирани и моментално се прегледуваат од лекари.

Веста дека група туристи биле заробени на Елбрус и не можеле да се симнат од планината се појави на 25 јули. Според локалните водичи, временските услови за искачувањето првично биле релативно поволни. Сепак, времето нагло се влошило, со брзина на ветерот која достигнала 45 километри на час, а до утрото се засилила на катастрофални 70 километри на час.

Истражната дирекција на Истражниот комитет (СК) на Руската Федерација за Кабардино-Балкарија претходно даде детали за почетокот на оваа драма и потврди дека е започната истрага.

Според прес-службата, на 25 јули, група од 7 лица тргнала да го освои Елбрус. Еден од алпинистите успеал да се симне и пријавил дека двајца членови на групата се разболеле на надморска височина од 5.100 метри.

„Според достапните информации, тие починале. Потрагата по уште четворица алпинисти е во тек“, објави тогаш Рускиот истражен комитет.

За жал, последователните информации пренесени од медиумите ги потврдија темните претчувства, бројот на жртви беше пет, а само уште едно лице беше спасено од оние по кои се бараше.

„Телата на алпинистите се наоѓаат на т.н. седло на планината Елбрус, на надморска височина од 5.350 метри. Нивната евакуација ќе се изврши само кога временските услови ќе дозволат“, соопшти руското министерство.

Врвот Елбрус е највисокиот врв во Европа и Русија, но е познат по исклучително суровите и непредвидливи услови. Како потсетник за опасностите од оваа планина, руските медиуми наведуваат дека само неколку дена претходно, на 19 јули, 11-годишно момче починало за време на искачувањето, додека неговиот татко бил тешко повреден.

Елбрус е највисокиот планински врв во Европа и Русија, со надморска височина од 5.642 метри. Се наоѓа во западниот дел од планинскиот масив Кавказ, во Јужна Русија, недалеку од границата со Грузија. Геолошки, Елбрус е неактивен стратовулкан со два препознатливи врва, западниот (повисок) и источниот, а неговите падини се опкружени со вечен мраз и десетици огромни глечери.

Најнови вести од: Регион

Атина и Софија потпишаа Меморандум за враќање на 48 реликвии во Грција и пренесување на останките на цар Самоил во Бугарија

Меморандум за разбирање со кој во Грција се враќаат 48 реликвии од два грчки манастири и од една црква што над 100 години биле изложени во Националниот историски музеј во Софија, а Грција ќе ѝ ги предаде на Бугарија останките на цар Самоил, потпишале денеска министрите за култура на двете земји, Лина Мендони и Евтим Милошев, јави дописничката на МИА од Атина.

Стерјовски на Самитот за мир во Тирана: Нашите идентитети не треба да бидат ѕидови што нè делат, туку мостови што нè поврзуваат“

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, учествуваше на Меѓународниот самит за мир, што се одржа во Тирана, посветен на темата „За верскиот соживот во Албанија“. Тој истакна дека верскиот соживот претставува една од значајните вредности на албанското општество, која треба да се зачува и да им се пренесе на идните генерации.

Кога стартува ЕТИАС и што значи тоа за македонските граѓани?!

Македонските граѓани кои планираат патувања во земјите од Европската Унија наскоро ќе соочат со уште една нова административна процедура пред да тргнат на пат. По пристапувањето кон Влезно-излезниот систем на ЕУ (EES), вниманието на јавноста и патниците од регионот се насочува кон ЕТИАС (ETIAS) – електронскиот систем за овластување за патување, наменет за сите државјани […]

Најнови вести

To top