Регион

Бугарија: Евакуација на судови и институции, откако добиваат повеќекратни закани за наводно поставени бомби

Втор ден по ред јавните институции низ цела Бугарија добиваат известувања за закани со поставени бомби, а властите добија повеќекратни предупредувања за наводно поставени експлозивни направи, објави во вторникот бугарското Министерство за внатрешни работи.

Пријави за поставени бомби се упатени во институциите во Бургас, Јамбол, Разград, Стара Загора, Смолјан, Трговиште, Варна, Добрич, Силистра, Велико Трново, Благоевград, Ловеч, Пазарџик, Видин, Хасково, Софиска област, Крџали, Шумен, Плевен, Монтана и Габрово.

Полицијата започна инспекции на сите посочени локации и примени стандардни процедури за справување со закани со бомби, објавија Новините.bg.

Судската палата во Софија беше евакуирана откако околу 10,30 часот беше примена пријава за експлозивна направа, а полициските единици веднаш започнаа со пребарување на зградата.

Поради мерка на претпазливост евакуиран бил и судот во Смолјан, откако Окружниот суд и Окружното обвинителство добиле заканувачка е-пошта.

Во Стара Загора, сите институции лоцирани во зградата на судот привремено ја прекинаа својата работа за време на спроведувањето на безбедносните проверки. Закажаните рочишта се одложени и ќе бидат закажани подоцна, додека страните ќе бидат навремено информирани за новите датуми.

Најнови вести од: Регион

Иран ѝ се закани на Бугарија дека ќе ја нападне, оти е „агресија тоа што САД користи нејзини воени бази“!

Техеран денеска повторно ја предупреди Бугарија, која е членка на НАТО, да не дозволува користење на нејзината територија за израелски или американски воени операции против Иран и ѝ порача дека го задржува правото да го нападне изворот на каков било напад.

„Сан“: Албанците најбројни странци во британските затвори – сега ги има 940, главно дилери на кокаин

Во последните три години само 13 албански затвореници се префрлени од британските во албанските затвори, за да продолжат да ги издржуваат своите казни, иако договорено било префрлање 200 лица.

To top