Регион

Бугарка осудена во Русија на три години во работен камп за објава на социјалните мрежи за статусот на Крим

Росица Георгиева, која има двојно државјанство, објавила пост дека Крим е украинска територија незаконски окупирана од Русија

Росица Георгиева, која има бугарско и руско државјанство, е осудена на три години затвор што ќе ги помине во руски работен камп поради објава на социјалните мрежи дека Крим е украинска територија незаконски окупирана од Русија.

Георгиева има 32 години и живее постојано во Русија кај мајка си, која е државјанка на Руската Федерација. За нејзиното апсење амбасадата на Бугарија во Москва ја известила сестра ѝ Н.И.Г., која живее во Бугарија. Бугарската амбасада веднаш испратила вербална нота до Министерството за надворешни работи на Русија со барање за изјаснување за случајот, а од таму добила кратка потврда дека жената била приведена во мај годинава.

Амбасадата стапила во контакт со мајката на Георгиева, која „ги потврди публикуваните искази на ќерка си на социјалните мрежи, вклучувајќи и повици и коментари, оценети како неприфатливи“, објасни шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев.

Георгиева не барала дејство од бугарските власти. Таа била осудена на 9 септември со три години во казнена колонија за „јавно оправдување на тероризам.

Најнови вести од: Регион

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

Албанија ќе го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Со 79 гласови „за“, оние на владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“ со што, како што се оценува, земјата се усогласува со стратешките сојузници.

Пендаровски: Албанскиот е службен јазик во Македонија, но…(ВИДЕО)

Албанците можат да го користат јазикот, но во многу случаи не гледаме негова целосна примена во институциите и судовите. Важно е да се постави прашањето дали овие права се применуваат во секојдневниот живот

To top