Регион

Целосен прекин на авиосообраќајот во Грција

Ситуацијата останува динамична, а надлежните очекуваат брзо нормализирање на сообраќајот штом проблемот ќе биде отстранет.

Воздушниот простор на Грција е целосно затворен од претпладнево поради технички проблеми со радиофреквенциите, што спречува нормално полетување и слетување на авионите на сите грчки аеродроми.

Според информациите од Министерството за транспорт на Грција, проблемот се однесува на одредени фреквенции кои ја поддржуваат работата на ФИР Атина, односно воздушниот простор на целата земја. Надлежните институции интензивно работат на решавање на дефектот со цел да се обезбеди апсолутна безбедност на летовите.Ц

Во меѓувреме, само дел од прелетите се опслужуваат, а на аеродромите се воведени строги ограничувања. Грчките медиуми јавуваат дека прекинот на авионскиот сообраќај трае од околу 9 часот утрово.

Дел од летовите што требало да слетаат во Грција се пренасочуваат кон соседните земји, главно кон Турција. Патниците се информираат за доцнења или промена на аеродромите за слетување.

Ситуацијата останува динамична, а надлежните очекуваат брзо нормализирање на сообраќајот штом проблемот ќе биде отстранет.

Најнови вести од: Регион

Русија регрутира граѓани од Молдавија, Бугарија и Србија за хибридни напади во Европа

Според западни разузнавачки извори, регрутерите и пропагандистите кои претходно работеле за рускиот ПМЦ „Вагнер“ станале главна алатка на Кремљ за организирање саботажни операции во европските држави.

To top