Регион

Црногорска министерка во болница: Судар на службен ‘Мерцедес’ со две возила

Министерката за туризам на Црна Гора, Симонида Кордиќ, е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила вчера

Министерката за туризам на Црна Гора, Симонида Кордиќ, е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случи вчера во 14:45 часот на автопатот од Драгаљ кон Грахово до Рисно, соопшти Полициската управа, пренесува Вијести. Кордиќ била патник во службено возило на Министерството за туризам, марка „Мерцедес“, кое го управувал возач од министерството. Несреќата се случила по тунелот, кога службениот автомобил се судрил со две други возила.

Освен Кордиќ, повредено е уште едно лице – жена со иницијали С.Ч., која била во друго возило. Според неофицијални информации, Кордиќ се здобила со скршеници на ребрата и е сместена во Клиничкиот болнички центар во Котор, каде не е во животна опасност, но ќе остане на болничко лекување. Другата жена има полесни повреди и е хоспитализирана во Специјалната болница „Васо Ќуковиќ“ во Рисно.

Полицијата и обвинителството во Котор работат на утврдување на причините за несреќата, а е извршен увид на местото на настанот

Најнови вести од: Регион

Вучиќ и Рама заеднички бараат влез во ЕУ по пат на „делумна интеграција“ и без право на вето!

Српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама се огласија со заеднички предлог за забрзана интеграција на Србија и Албанија во Европската Унија, но според модел што не нуди веднаш целосни членски права. Во заедничка колумна, објавена во германскиот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, двајцата предлагаат постепено вклучување во единствениот европски пазар и во Шенген како меѓучекор до полноправно членство. Остануваат дилемите колку „делумната интеграција“ е промислен чекор кон ЕУ, или е избрзано прифаќање „членство од втор ред“ за земјите што со години, па и децении чекаат интегрирање во „европското семејство“ но преку полноправно членство. Македонија е веќе 21 година кандидатка за влез во ЕУ.

„Доаѓаме: Група блиска со иранските власти му се заканува на Балканот

хакерската група изјави дека нападите врз институциите во Албанија се извршени за да се казни нивната одлука да ја засолнат иранската опозициска група Моџахедин-е-Калк (MEK), позната и како Народна муџахединска организација на Иран

Македонска Фејсбук-страница го тресе врвот на словенечката влада: „Маски паднаа“ со аудио-разговори

Фејсбук-страница администрирана од Македонија се најде во центарот на голем политички скандал што ги тресе словенечките политички кругови во последните денови

To top