Регион

Еве кој ве води – косовски адвокат со магариња пред собранието

Адвокатот донесе 4 магариња пред Собранието. Тој нагласи дека ги зел како симбол за да покаже кој ги води

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи одлучи да го изнесе својот протест на нов и посебен начин.

Адвокатот донесе 4 магариња пред Собранието. Тој нагласи дека ги зел како симбол за да покаже кој ги води.

„Истите луѓе мислат дека сме магариња. Протестот е мирен. Им се извинувам на овие магариња што го фатија патот од Истог до тука“, рече Кочи.

Кочи рече дека премиерот Албин Курти е виновен за политичката ситуација во земјата. Тој изрази незадоволство и од другите партии.

„Не сакам да бидам фактор што ги продлабочува поделбите, но сакам да бидам фактор на единство. Исто така, имам големи резерви кон ПДК, ЛДК, ААК и Нисма, бидејќи се однесуваат како да се кукавици“, рече Кочи.

Тој рече дека не разбира што полицијата е загрижена за четири магариња, а не е загрижена за магарињата внатре.

На 5 јули е закажана новата конститутивна седница на косовското собрание.

Најнови вести од: Регион

Вучиќ: Криминалци ја преземаат контролата и ја уништуваат Србија

Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“, изјави дека „криминалниот клан од Врачар“ упатува закани кон успешни поединци низ Србија, првенствено бизнисмени и имотни луѓе. Тој, исто така, ја прочита содржината на две такви пораки.

Петков: Избравме „претседател на мирот“ – очекувам брз крај на војната во Украина

„Исто така, очекуваме голем просперитет под администрацијата на Радев: брзо решавање на проблемот со високите цени и буџетскиот дефицит, огромен пораст на приходите на граѓаните и, се разбира, целосно демонтирање на олигархијата“, вели Петков

To top