Регион

Фрлил молотов коктел врз „Куќата на цвеќето“ каде почива Тито

55-годишен маж е уапсен по интервенцијата на полицијата. По наредба на обвинителството му е одреден притвор до 48 часа

Белградската полиција го уапси Г. М. (55) под сомнение дека фрлил молотов коктел врз Куќата на цвеќето, дознава Telegraf.rs.

Мажот е уапсен по интервенцијата на полицијата. По наредба на обвинителството му е одреден притвор до 48 часа.

Тој е осомничен дека се обидел да го запали Музејот на 25 мај, местото каде што е погребан поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито, околу 6 часот утрово.

Неофицијално, пожарот ја оштетил влезната врата од Куќата на цвеќето.

Според Telegraf.rs, полицијата била повикана од обезбедувач. Тој пријавил дека во Музејот пред зградата дошол маж, најверојатно држејќи молотов коктел, и се заканувал дека ќе ја запали зградата.

„Тој се приближил до зградата и фрлил запалива течност. За среќа, обезбедувачот го фатил и ја повикал полицијата“, пишува Telegraf. Неофицијално, дознале дека за време на апсењето човекот рекол дека сакал да го запали „усташкото дувло“.

Најнови вести од: Регион

Србија дополнително ја намалува акцизата на горивата

Србија ќе ја намали стапката на акцизата на нафтените деривати за дополнителни 40 проценти, за да се ублажи ценовниот шок на бензинските пумпи, изјави денеска претседателот на државата, Александар Вучиќ, по седницата на Советот за национална безбедност.

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

Албанија ќе го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Со 79 гласови „за“, оние на владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“ со што, како што се оценува, земјата се усогласува со стратешките сојузници.

To top