Регион

Гром удри среде натпревар – повреди фудбалери

За време на пријателскиот фудбалски натпревар помеѓу Раднички од Клубац, предградие на Лозница, и Цер од Петковица, удар од гром повреди фудбалери од двата тима, јави Б92.

 

 

Според последните информации, 38-годишниот фудбалер на Цер од Петковица, Драгиша Савковиќ Гиле, се здобил со сериозни повреди и моментално е на коронарната единица на Здравствениот центар Лозница, потврди во недела вечерта Драгана Митровиќ, портпаролка на институцијата.

Прв што дотрчал кај повредениот бил тренерот на Раднички, Ненад Симиќ, здравствен работник, кој започнал со реанимација на гостинскиот фудбалер додека не пристигне брзата помош.

Тој е под будното око на лекарите кои ја следат неговата состојба.

Громот удрил меѓу двајца играчи, освен нив немало други повредени играчи, иако првично се појавија информации дека десет фудбалери се здобиле со повреди, објавува Курир.

Другиот играч, полесно повреден, бил пренесен во Одделот за итни случаи, каде што се следи неговата состојба.

Најнови вести од: Регион

Србија дополнително ја намалува акцизата на горивата

Србија ќе ја намали стапката на акцизата на нафтените деривати за дополнителни 40 проценти, за да се ублажи ценовниот шок на бензинските пумпи, изјави денеска претседателот на државата, Александар Вучиќ, по седницата на Советот за национална безбедност.

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

To top