Регион

Хјуман рајтс воч: Пресудите за Тачи и другите лидери на ОВК се важен чекор кон правдата

Хјуман рајтс воч наведува дека пресудата е донесена во поширокиот контекст на недостаток на целосна одговорност за злосторствата извршени за време на конфликтот во Косово

Пресудите за воени злосторства против поранешниот косовски претседател Хашим Тачи и тројца други водачи на поранешната ОВК, изречени оваа недела претставуваат важен чекор кон утврдување одговорност за жртвите од конфликтот во Косово од 1998-1999 година, објави меѓународната организација Хјуман рајтс воч.

Таа организација за заштита на човековите права истакнува дека Специјализираниот совет на Косово, чие седиште е во Хаг, ги прогласи Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими за виновни за воени злосторства, вклучувајќи убиство, тортура, суров третман и произволно лишување од слобода, но исто така ги ослободи од обвиненијата за злосторства против човештвото.

Пресудите беа изречени за злосторства извршени за време на војната во Косово и во северна Албанија, против косовските Албанци, Срби, Роми и други. Судот ги осуди Тачи и Красниќи на 25 години затвор, Весели на 18, а Селими на 13 години, потсетува Хјуман рајтс воч.

Тие нагласуваат дека судењето се одвивало во „атмосфера на заплашување сведоци“. Судот објави дека некои сведоци лажно сведочеле или ги промениле своите претходни искази, и дека стравот за сопствената безбедност можеби влијаел врз некои сведоштва. Друг случај се води против Тачи и уште четири лица пред Специјализираните совети на Косово, под обвинение за попречување на правда.

Хјуман рајтс воч наведува дека пресудата е донесена во поширокиот контекст на недостаток на целосна одговорност за злосторствата извршени за време на конфликтот во Косово.

Директорот на „Хјуман рајтс воч“ за Европа и Централна Азија, Хју Вилијамсон, изјави дека пресудата „испраќа важна порака до жртвите и нивните семејства дека дури и моќните лидери не се надвор од дофатот на правдата“.

Најнови вести од: Регион

Затвор 45 дена за Сашка Стојановска (45) од Скопје, оти во јули 2026 уби куче – прогласена „намалено пресметлива“!

Основниот суд во Улцињ ја прогласи како виновна 43-годишната Сашка Стојановска од Скопје за кривично дело „убивање и мачење животни и уривање на нивното живеалиште“ и ја осуди на 45 дена затвор, пренесуваат црногорските медиуми. 

To top