Регион

Истрели и пожар пред српскиот Парламент(ВИДЕО)

Претпладнево во Белград избувна пожар пред српскиот Парламент, каде што се поставени шатори.

Претпладнево во Белград избувна пожар пред српскиот Парламент, каде што се поставени шатори. Според објави на социјалните мрежи, на пожарот му претходеле истрели од еден од шаторите, но засега не е познато дали станува збор за истрели од огнено оружје.

Полицијата веднаш реагирала и привела едно лице.

Според Мондо, уапсениот е 70-годишниот Владан А., под сомнение дека пукал и го ранил Милан Б. (57). Се наведува дека Владан А. пукал, потоа запалил шатор пред Собранието и фрлил неколку куршуми во огнот.

Милан Б. наводно е ранет во бутот и неговиот живот не е во опасност. Се наведува дека обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Белград излегол на местото на настанот за да изврши истрага.

Пожарникарите го гаснат пожарот со три возила. Засега не се знае причината за пожарот во шаторите кои ги поставија студентите кои се спротиставуваат на блокадите.

Српските пратеници денеска треба да гласаат за 48 точки од дневниот ред.

Најнови вести од: Регион

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top