Регион

Јотова за Бугарите во Македонија: Нема да се откажеме од вас и ќе ги чуваме вашите права!

Бугарската претседателка Илијана Јотова повторно ја отвори темата за положбата на Бугарите во Македонија. Таа рече дека „Софија нема да се откаже од нив и ќе продолжи да ги штити нивните права“. Јотова ова го наведе вчеравечер од месноста „Петрова нива“ во село Стоилово, во Бугарија, каде што учествуваше на „одбележувањето на 123 годишнината“ од таканареченото „Илинденско-Преображенско востание“.

Јотова во својот говор ги поврза сегашните актуелните македонско бугарски односи со историските прашања, што со години се една од главните точки на спор меѓу Скопје и Софија.

Таа изнесе тврдење дека „денес за Бугарите во Македонија се зборува со многу омраза и поделби“, дополнувајќи дека „политичарите, но и општествата, треба да се спротивстават на таквиот говор“.

„Нема да се откажеме од вас и ќе ги чуваме вашите права.“ – кажа Јотова како нејзина порака за Бугарите во Македонија. Според неа, „историјата меѓу Македонија и Бугарија е заедничка и не треба да биде причина за нови поделби“. Јотова рече „што има да се дели меѓу двете земји“ и оцени дека „почитувањето на човековите права не треба да се третира како политичка декларација“.

Овие изјави на Јотова доаѓаат во период кога непрестајно се бараат промени на македонскиот устав и внесување на Бугарите во него како услов за „продолжување на европскиот пат на Македонија“. Бугарија во изминатиот период повеќепати инсистираше дека „нема да отстапи од барањето за гарантирање на правата на Бугарите во Македонија“. Македонската Влада бара дополнителни гаранции дека со можните уставни измени нема да следуваат нови услови на патот кон Европската Унија.

Јотова не најави нова конкретна политичка иницијатива кон Скопје, туку повторно ја потврди долгогодишната бугарска позиција дека „прашањето за Бугарите во Македонија ќе остане дел од политиката на Софија“. Таа истовремено испрати „порака дека историската меморија треба да се пренесува на идните генерации, но погледот мора да биде насочен и кон иднината“.

Најнови вести од: Регион

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

БИА ги отфрла обвинувањата за незаконско следење и посочува дека имаат цел да ја дестаблизираат Србија

Од БИА истакнуваат дека и во најтешките времиња работата на Агенцијата ја носеле чесни луѓе кои својот живот го посветиле на заштитата на Република Србија и нејзините граѓани.

To top