Регион

Ќерка му на Трамп објасни како се вљубила во Сазан каде сега се случуваат демонстрации

Нејасно е како тајната служба на САД и дозволила да плива кон албанскиот воен камп и да шета боса и само по купаќи

Додека албанското специјално обвинителство води истрага а локални граѓани ја уриваат оградата ќерката на претседателот Доналд Трамп раскажува како се вљубила во островот каде сака гради нејзиниот сопруг.

Во своето најново интервју Иванка Трамп откри дека пливала до албанскиот остров Сазан, каде што со нејзиниот сопруг Џаред Кушнер моментално градат луксузен еко-ресорт вреден 1,4 милијарди долари.

Зборувајќи во подкастот на Дејвид Сенра таа објасни како за првпат го открила овој поранешен воен остров во Медитеранот.

Ви интервјуто таа вели дека се работи за
случајно откритие во кое додека биле на јахта со пријатели во близина на албанскиот брег, јахтата запрела во близина на островот за да се капат.

Иванка и нејзиниот сопруг решиле да препливаат од јахтата директно до островот Сазан кој е воен камп.

Таа раскажува дека откако допливале, пешачеле целосно боси до самиот врв на островот, каде што останале фасцинирани од недопрената природа и пејзажот. Ова искуство целосно ги мотивирало да го започнат мега-проектот.

Островот Сазан има површина од околу 1.400 хектари и со децении служел како изолирана воена база со бункери и подземни тунели. Преку фирмата на Кушнер, „Affinity Partners“, тие инвестираат за да го претворат местото во ултра-луксузна дестинација во соработка со светски познатиот бренд за хотели „Aman Resorts“.

Проектот се соочува и со силни протести од албански политички и еколошки организации кои се загрижени за заштитата на природната средина на островот и не сакаат израелска фирма да стопанисуваат со земјата во Сазан.

Протестите за островот Сазан во Албанија се организирани против изградбата на луксузен туристички комплекс од Џаред Кушнер (зетот на Доналд Трамп), поради загриженост за животната средина и блокирање на јавниот пристап до крајбрежјето.

Проектот го опфаќа ненаселениот остров Сазан (поранешна воена база) и заштитената крајбрежна област Вјоса-Нарта, што предизвика револт кај еколошките организации.

Локалните жители и туристите реагираат дека со почетокот на градежните активности се блокира слободниот пристап до плажите.

Демонстрантите досега се обидоа да ги урнат поставените огради на плажите и се судрија со приватното обезбедување на локациите.

Паралелно со протестите, албанското Специјално обвинителство (SPAK) отвори официјална истрага за законитоста на доделувањето на земјиштето и проектот поврзан со семејството Трамп.

Премиерот Еди Рама објаснува дека проектот нема да биде само Израелски туку и на фирма од Катар но засега не може да ги убеди демонстрантите.

Најнови вести од: Регион

Бугарија сака македонските Голо брдо, Преспа и Гора да бидат бугарски (ВИДЕО)

„ Сè се направи со директен притисок врз Албанија. Или ќе признаете бугарско малцинство, или во спротивно ќе бидете блокирани на вашиот пат кон Европската Унија“, констатира Стерјовски

Словенија се откажува од „деветолетката“, по лошите податоци од ПИСА

Дури 40 проценти од учениците наведуваат дека нивните врсници на часовите не ги слушаат наставниците, 22 проценти истакнуваат дека дигиталните уреди зачестено ги попречуваат во следењето на наставата, додека 48 проценти од учениците користат алатки за вештачка интелигенција за изработка на училишните задачи.

„Корча плус“: Општина Пустец заборавена и во беда, жителите бараат конкретни инвестиции!

Жителите на Пустец со години чекаат подобра инфраструктура. Иако Преспа има огромен природен и туристички потенцијал, состојбата со патиштата и понатаму останува еден од најголемите проблеми за локалното население, објави албанскиот медиум „Корча плус“, пренесува весникот „Илинден”.

Шефовите на ЕУ со осуда за Србија за погребот на воениот злосторник Младиќ на кој присуствуваа и државници

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, денеска остро реагираа на присуството на високи српски функционери и елементите на официјална поддршка на погребот на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ во Белград.

Најнови вести

To top