Регион

„Корча плус“: Општина Пустец заборавена и во беда, жителите бараат конкретни инвестиции!

Жителите на Пустец со години чекаат подобра инфраструктура. Иако Преспа има огромен природен и туристички потенцијал, состојбата со патиштата и понатаму останува еден од најголемите проблеми за локалното население, објави албанскиот медиум „Корча плус“, пренесува весникот „Илинден”.

Жителите на Пустец со години чекаат подобра инфраструктура. Иако Преспа има огромен природен и туристички потенцијал, состојбата со патиштата и понатаму останува еден од најголемите проблеми за локалното население, објави Корча плус, пренесува весникот „Илинден”. Дотраените патни делници го отежнуваат секојдневното движење на жителите, но и пристапот на туристите, кои доаѓаат да го посетат Националниот парк Преспа.

Во изминатите години биле најавувани бројни проекти и значителни пари за развој на регионот. Дел од нив биле поддржани и од меѓународни партнери, меѓу кои и Германија, преку проекти поврзани со заштитата на животната средина и одржливиот развој, наведува телевизијата.

Но, жителите на Пустец, за овој медиум, велат дека на терен резултатите се далеку од очекувањата. Тие бараат од институциите јасни информации за тоа колку средства се инвестирани во Пустец и Преспа, каде се потрошени и какви конкретни резултати произлегле од досега реализираните проекти.

– Пустец се наоѓа во срцето на Преспа, подрачје со значителен потенцијал за развој на природниот и културниот туризам. Сепак, без квалитетна патна инфраструктура и соодветни јавни инвестиции, овој потенцијал тешко може да се претвори во вистински економски развој, оценува Корча плус.

Жителите велат дека повеќе не се доволни само најави, проекти и ветувања и бараат конкретен план, конкретни рокови и конкретни инвестиции. Бидејќи, како што велат, развојот на Преспа не треба да постои само на хартија, туку да се гледа и на терен — во подобри патишта, подобри услови за живот и повеќе можности за локалното население.

Општина Пустец ја сочинуваат девет села, сите распослани на брегот на Преспанско Езеро.

Најнови вести од: Регион

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

БИА ги отфрла обвинувањата за незаконско следење и посочува дека имаат цел да ја дестаблизираат Србија

Од БИА истакнуваат дека и во најтешките времиња работата на Агенцијата ја носеле чесни луѓе кои својот живот го посветиле на заштитата на Република Србија и нејзините граѓани.

To top