Автобус со македонски регистарски таблички синоќа целосно излетал од автопатот кај местото Добановци, јавуваат утрово српските медиуми.
Засега не е позната состојбата на патниците и возачот на автобусот. Се наведува дека возач на друг автобус застанал со цел да помогне.
-„Од вчера речиси цела Србија е под снег. ЈП „Патишта на Србија“, врз основа на Извештајот на Штабот за зимска служба во 5:09 часот наутро, објави дека има снег на многу делници од најпрометните патни правци од првиот, како и од вториот и третиот приоритет за одржување, со дебелина до пет сантиметри, додека површината на патот е важна, поради што се препорачува внимателно возење“, пренесува Скопје Инфо.
ВИДЕО