Македонија

Најмакедонци на годината 2025, Лука и Калин (ВИДЕО)

“Тоа не го кажуваме“, рекоа двајцата во еден глас

Во жестока конкуренција, затоа што во минатата гпдина имаше многу луѓе кои со своето однесување влегуваат во групата ,,Македонци на годината”, младите Лука и Калин ги бираме за ,,Најмакедонци” на 2025та година.

Лука и Калин, двајцата млади учесници во квизот „Листа за 300“ на Сител ТВ, одбија да кажат „Северна Македонија“ и изгубија пари.

Во моментот кога требаше да набројат неколку земји кои ја содржат буквата „С“, наведоа 32. И им недостигаше уште една.

Сепак, не го кажаа новото име на нашата земја како што се очекуваше.

Водителот отпосле им рече дека можеле да победат ако кажеле Северна Македонија но доби јасен одговор.

“А, тоа не го кажуваме“, рекоа Лука и Калин.

Бура од реакции на социјалните мрежи предизвика овој момент од квизот.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Владата не се откажува од изградбата на дата-центри

Владата не се откажува од идејата за изградба на дата-центри, затоа што светот и човештвото одат во таа насока и тој процес е неповратен, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој потенцира дека Владата не добила никаков допис од ЕУ дека се откажуваат од финансирањето и давањето грант за изградба на националниот дата-центар. Ако пристигне такво нешто, додаде, тогаш ќе може да го коментираме тоа.

Рокас: Лаен набргу во посета на регионот, за која се надевам дека ќе биде одлучувачка за евроинтеграцијата на земјата

Евроамбасадорот Михалис Рокас најави дека набргу претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, треба да го посети регионот и се надева оти нејзината посета ќе биде одлучувачки чекор кон почнување на пристапните преговори на земјата со Европската Унија.

Николоски: Градиме денес, за да оставиме посилна држава за идните поколенија!

Во 21 век напредуваат само државите што инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти, напиша на својот фејсбук-профил заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

To top