Македонија

Бугарите се жалат дека во Македонија повеќе не им ги примаат левовите

Во Бугарија ќе може да се плаќа и со левови до 31 јануари, но отаде Деве Баир веќе не им ги прифаќале, според прилогот на БНР

Во Македонија повеќе не го прифаќаат бугарскиот лев како средство за плаќање при купување во малопродажни објекти, во ресторани, на пазари и кај таксисти, објави Бугарското национално радио (БНР), додавајќи дека купувањето со евра е можно, но само со картичка.

„Спонтано решив да одам во Крива Паланка и во Куманово. Немав денари за менување, но имав левови и евра. Се испостави дека не ми вршеа работа, бидејќи никаде повеќе не прифаќаа левови, а во голема продавница во Куманово не примаа готовина ни во евра. Касиерката не можеше да објасни зошто. Морав да платам со картичка. Платив, но ако патувате во Македонија, за секој случај, менувајте денари, бидејќи не сум сигурна дали помалите продавници и ресторани имаат ПОС-терминали“, вели жителка на Ќустендил во репортажата на БНР насловена „Во Северна Македонија го отпишаа бугарскиот лев“.

Во прилогот се додава дека со воведувањето на еврото во Бугарија замрела и децениската „куферска трговија“ преку границата, која всушност изумрела пред многу години, кога стоките отаде Деве Баир станале поевтини отколку во Ќустендил, па сега имало обратен процес – Бугари доаѓаат во Македонија за поевтино пазарење или јадење во кафеана.

Во Бугарија, која од 1 јануари премина на евро, со левови може да се плаќа во готовина до 31 јануари, а кусур се враќа во евра. Од 1 февруари при плаќање стоки и услуги со кеш ќе се примаат само евра.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top