Регион

Министер на Вучиќ доживеа мозочен удар среде ТВ емисија (ВИДЕО)

Членот на српската влада се бори за живот

 

Српскиот министер Дарко Глишиќ бил гостин во утринската програма на Пинк телевизија кога одеднаш му се слошило. Како што неофицијално објавуваат српските медиуми  министерот доживеал мозочен удар и е во тешка состојба.

 

Министерот за јавни инвестиции не можеше да го заврши своето гостување, па програмата беше прекината.

Според повеќе извори Глишиќ доживеал тежок мозочен удар.

 

Дарко Глишиќ е пренесен во болница, каде пристигна и претседателот на Србија Александар Вучиќ. Глишиќ, инаку, е еден од најблиските луѓе на Вучиќ.

 

Дарко Глишиќ е министер во Владата на Србија во мај 2024 година. Тој е во Српската напредна партија од нејзиното основање, а беше избран на позицијата претседател на ИО СНС во 2016 година.

Вака изгледаше драматичниот момент кога Дарко Глишиќ доживеа мозочен удар во студиото на Пинк Телевизија:

 

https://x.com/FermanTwitt/status/1952640175776911628?t=PYH5BBF04AnE1kpV5we6cQ&s=19

 

Донесен е во болница без свест, состојбата е исклучително тешка

 

,,Министерот Глишиќ е еден од највредните меѓу нас. Му се слоши за време на телевизиската емисија. Беше донесен во Ургентниот центар без свест, во сериозна состојба. Вклучен е и терапија, тоа е исклучително сериозна состојба. Ќе се направи сè што е можно. Таму се и неговите најблиски, а од првата минута е и претседателот. Ова сериозно нè потресе сите. Се надеваме дека мерките за терапија и третман ќе бидат успешни, но она што сега е факт е дека ситуацијата е тешка. На министерот Глишиќ му беше пружена помош на време, терапијата беше започната веќе по 20 минути, а сега се подготвува за интервенцијата”, рече министерот за здравство Златибор Лончар.

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави кратка порака за поддршка за Глишиќ.

,,Даре, држи се! Нема предавање!”, порача Вучиќ преку социјалната мрежа Инстаграм.

 

 

 

 

 

 

 

Најнови вести од: Регион

Србија дополнително ја намалува акцизата на горивата

Србија ќе ја намали стапката на акцизата на нафтените деривати за дополнителни 40 проценти, за да се ублажи ценовниот шок на бензинските пумпи, изјави денеска претседателот на државата, Александар Вучиќ, по седницата на Советот за национална безбедност.

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

Најнови вести

To top