Регион

Молотови коктели врз кабинетот на Еди Рама

Шест полицајци се хоспитализирани со изгореници од пиротехнички средства, додека 14 лица се приведени

Главниот град на Албанија синоќа беше сцена на вистинска војна меѓу приврзаниците на опозициската Демократска партија и полициските сили.

За време на тричасовниот протест предводен од Сали Бериша, демонстрантите фрлаа молотови коктели врз кабинетот на премиерот Еди Рама, Министерството за внатрешни работи и седиштето на социјалистите.

Билансот од немирите е сериозен – шест полицајци се хоспитализирани со изгореници од пиротехнички средства, додека 14 лица се приведени.

„Ова е неприфатливо насилство врз униформирани лица. Користењето молотови коктели против оние кои го гарантираат редот е кривично дело“, изјави министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, при посетата на повредените во болницата за трауматологија.

Покрај нападите врз институциите, демонстрантите запалија полициско возило и контејнери, а оштетени се и бројни трговски објекти во центарот на градот.

 Стотици дополнителни полицајци го обезбедуваа настанот, а некои патишта во Тирана беа блокирани.

 

 

 

 

 

 

 

 

Најнови вести од: Регион

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел порака: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и С.Македонија, обете на распоредот на Урсула фон дер Лаен , заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“ во својата анализа со наслов „Западниот Балкан надежно ги застапува своите ставови“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека „ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина“!

Атина и Софија потпишаа Меморандум за враќање на 48 реликвии во Грција и пренесување на останките на цар Самоил во Бугарија

Меморандум за разбирање со кој во Грција се враќаат 48 реликвии од два грчки манастири и од една црква што над 100 години биле изложени во Националниот историски музеј во Софија, а Грција ќе ѝ ги предаде на Бугарија останките на цар Самоил, потпишале денеска министрите за култура на двете земји, Лина Мендони и Евтим Милошев, јави дописничката на МИА од Атина.

Стерјовски на Самитот за мир во Тирана: Нашите идентитети не треба да бидат ѕидови што нè делат, туку мостови што нè поврзуваат“

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, учествуваше на Меѓународниот самит за мир, што се одржа во Тирана, посветен на темата „За верскиот соживот во Албанија“. Тој истакна дека верскиот соживот претставува една од значајните вредности на албанското општество, која треба да се зачува и да им се пренесе на идните генерации.

Најнови вести

To top