Регион

На 90 години почина Габи Новак

Беше дама и име и презиме на Јгословенската сцена во осумдесетите

Својата пејачка кариера ја започнала во 1958 година во Љубљана, настапувајќи со ревискиот оркестар на Бојан Адамич, по што станала едно од најпрепознатливите имиња на југословенската музичка сцена од тоа време.

Габи Новак е родена на 8 јули 1936 година во Берлин, ќерка на Ѓуро Новак од Хвар и Елизабет Рајман од Германија. Детството го поминала во Берлин, потоа на Хвар, по што се преселила во Загреб. Таму дипломирала на Факултетот за применети уметности, со насока графика, и кратко работела како илустратор во Загреб Филм, во Студиото за цртани филмови.

Откако го загуби својот сопруг Арсен Дедиќ, кантавтор и композитор со кого беше во брак повеќе од четири децении, на 17 август 2015 година, Габи Новак се соочи со уште една тешка лична трагедија на почетокот на јуни оваа година – смртта на нивниот син Матија Дедиќ, еден од најистакнатите хрватски џез пијанисти, кој почина на 8 јуни во Загреб на 52-годишна возраст.

Најнови вести од: Регион

Ниту една земја од Западен Балкан нема да влезе во ЕУ и по 2030 година, тврди најдобриот европознавач на евроинтеграциите

Многу политичари во ЕУ веруваат дека би било неодговорно, во сегашната состојба на Унијата, да се примат нови членови – и кон самата ЕУ, но и кон новите членови кои на тој начин би биле поканети во нефункционален клуб

To top